Како да ги носите кратките, летни комбинезони?

Не само што се неодоливи, туку тие и ќе ви бидат од голема помош во оние моменти кога не знаете што да облечете.

kako-da-gi-nosite-kratkite-letni-kombinezoni-01.jpg

Доколку ви досади да претурате по гардероберот и да барате маичка која ќе ви одговара совршено на кратките панталони, тогаш набавете си слатко комбинезонче и олеснете си го дотерувањето.

Во кафуле преку ден, на ноќна забава во клуб, па дури и на свечени настани, комбинезоните можат буквално да се вклопат во секоја ситуација и пригода.

Не е тајна дека и момците обожаваат да ги гледаат девојките во овие секси модели кои доаѓаат во разни дезени, со или без деколте, еднобојни или шарени и можете да ги комбинирате со високи потпетици, балетанки, апостолки и со буквално сѐ друго што ќе посакате.

Кога станува збор за материјалот, одберете некој во кој ќе се чувствувате пријатно и кој не ги истакнува деловите од телото кои сакате да сокриете.

Девојките честопати имаат проблем кога станува збор за избирање на вистинскиот модел, па затоа изберете ги оние кои совршено прилегаат и се вклопуваат на линиите на вашето тело.

1. Тело во облик на круша - Пошироки во колкови, а потесни во горниот дел. Девојките со тело во облик на круша треба да побараат комбинезони со отворено деколте или некоја интересно дизајнирана јака која ќе го привлекува вниманието кон вашиот горен дел од градите. Што се однесува до боите, бирајте модели со потемна боја во долниот, посветла во горниот дел.

2. Заоблено тело - Комбинезоните кои ја истакнуваат половината со некои интересни додатоци на вам би ви стоеле совршено. Побарајте модели со подолги панталони до колената или над нив - тие ќе ви прилегаат одлично со омилените високи потпетици или балетанки.

3. Тело во облик на песочен часовник - Девојките кои имаат облик на телото во форма на песочен часовник се вистински среќници бидејќи секој вид на комбинезон им прилега како скроен за нив. Побарајте модели кои имаат V-отвор или со тесни панталони.

Не чекајте повеќе, излезете и набавете си совршени ританки и имајте секси комбинации за цело лето.

Би можело да ве интересира:

Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Девојките се опседнати со „дедовски чевли“ комбинирани со чорапи – како ги носат? (фото) Девојките кои следат трендови сè почесто може да се забележат во ретро модели на...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...

Најчитани неделава