Kако се оди на штикли

Високите потпетици се хит оваа сезона, но не е лесно да одиме на штикли цело време, особено ако се екстремно високи. Еве неколку корисни...

 

... совети кои ќе ве зачуваат од повреди и бламирање.
За почеток, вежбајте по дома, но и на скали и на треба, по калдрма... На тој начин ќе стекнете рутина, ќе ги разгазите новите обувки и ќе ги прилагодите на вашето стапало.



Облечете тесно здолниште во комбинација со сандали со високи потпетици и земете ја правосмукалката. Ако и во таа комбинација ја светнете куќата, а здолништето, потпетиците и зглобовите ви останат недопрени, ви честитаме - подготвени сте за излегување во град!

Меѓутоа, ако немате време за домашно вежбање, купите обувки со ременче околу зглобот. Тој мал додаток е одличен 'пријател' на почетниците. И чизмите со високи потпетици, се добри за 'високо' чекорење кај почетниците.

Кога купувате високи потпетици обрнете внимание на тоа дали ви се удобни, и дали е флекницата гумена. Со тешки обувки потешко се чекори, а пластичните флекници се лизгаат.

На штикли треба да одите женствено и грациозно. Тоа значи дека нозете треба да ги држите една до друга, а стопалата паралелни. Правите мали чекори и одржувајте рамнотежа. Грбот држете го право, со рамениците и петите на исто растојание.


Кога по овие вежби ќе се појавите во град, повеќе не размислувајте за тоа како одите. Уште подобро - замислувајте дека сте во патики, опуштете се, подигнете ја главата, рамената вовлечете ги наназад и тргнете самоуверено.

Гледајте го светот од висина и уживајте во погледот.

Би можело да ве интересира:

Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...
„Кружен луксуз од остатоци до наследство“: Нова колекција од модниот бренд EZ на Евгенија Зафировска Дизајнерката Евгенија Зафировска го редефинира луксузот преку кружна трансформац...
Предлог комбинации со плетени панталони – новото омилено парче за есен и зима (фото) Меки и удобни, плетените панталони се идеални за лежерните комбинации кога темпе...
Ирена Спировска во елегантна тоалета, Благица Павловска во светкав фустан - Што носеа учесниците на ... Водителката Ирена Спировска носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Мари...
Мексиканска убавица е новата Мис Универзум – се борела со АДХД, беше понижена на изборот Од детство со булинг заради борбата со дислексија и АДХД кога врсниците ја исмев...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg