Дотерани на велосипед: Облечете ги високите потпетици и тргнете на работа

Обично опремата за велосипед подразбира шорцеви, тренерки, маица, патики, а таа опрема станува помалку и здодевна.

doterani-na-velosiped-oblecete-gi-visokite-potpetici-i-trgnete-na-rabota-1-

Кој вели дека не можете да изгледате дотерано додека се возите на вашиот велосипед?

Повеќе не морате да користите автомобил или такси за да одите на работа, туку велосипедот може да ви стане основно превозно средство за секаде и секогаш.

Инспирирајте се од различните изгледи на модерните девојки:

1. Можеби возењето велосипед со високи потпетици ќе ви изгледа чудно и невозможно, сепак илјадници девојки ширум светот практикуваат да носат високи потпетици на велосипед. Пред да започнете со ова возење, најдобро би било претходно да пробате неколку пати за да се навикнете на чувството.

2. Доколку не сте премногу сигурни за штиклите, земете си рамни балетанки. Ако не сакате да носите кратко здолниште, секогаш можете да си набавите хеланки во јаки бои и да ги комбинирате со интересни летни маички.

3. Кратките панталони се дел од стандардната опрема за возење велосипед. Но вашите нека бидат поинакви. Набавете си кратки панталони со тантела во комбинација со впечатлив аксесоар и еднобојна кошула. Ставете шешир и освојте ги улиците низ вашиот град.

4. Модерниот цветен дезен на здолништата изгледа разиграно и впечатливо, па доколку не се плашите дека можеби ветрот ќе ви го крене здолништето, облечете го во комбинација со бела маица.

5. Одлична замена за здолништата се кратките комбинезони кои се совршени за летните денови. Нема да ви одземаат премногу време за комбинирање, а одлично прилегаат на високи потпетици, но и на рамните балетанки.

6. За оние кои не се сигурни околу возењето велосипед со штикли, а балетанките не им се привлечни постои и друга опција. Пробајте да возите велосипед со чевли на висока платформа. Може да ги комбинирате со различни стилови облека и со нив ќе изгледате модерно и дотерано.

Погледнете ја галеријата и подгответе го вашиот нов велосипедски изглед:

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...

Најчитани неделава