Како да одберете удобни високи потпетици?

Ако сте во љубов со високите потпетици, сигурно веќе добро знаете колку болен крај може да има таа врска, посебно ако трае повеќе од 3-4 часа.

kako-da-odberete-udobni-visoki-potpetici-01.jpg

Сигурно дека ниту едни високи потпетици нема да бидат удобни како балетанките или римјанките, но вреди да научите како да одберете комфор дури и во елегантните моменти.

Постојат 5 клучни чекори на кои треба да внимавате:

1. Поставеноста на потпетицата

Ако потпетицата е премногу назад, големи се шансите дека нема да ги распореди килограмите правилно. Самата потпетица треба да се наоѓа точно во центарот на вашата пета. Најдобар ефект имаат закривените потпетици со дебела подлога.

kako-da-odberete-udobni-visoki-potpetici-02.jpg

Неудобно/Удобно


2. Висината на падот

Високите потпетици со поблаг пад, односно платформа која го поткрева целото стапало, се секогаш подобар избор. Ако вашите потпетици немаат платформа, задолжително носете гелни влошки за чевли.

kako-da-odberete-udobni-visoki-potpetici-03.jpg

Неудобно/Удобно


3. Материјал

Држете се подалеку од пластички материјали и лажни дрвени платформи. Гумата и кожата се пофлексибилни и ќе ви дадат подобра стабилност на стапалото.

kako-da-odberete-udobni-visoki-potpetici-04.jpg

Неудобно/Удобно


4. Дебелината на штиклата

Ако ви е потребна стабилност, секогаш избирајте дебели потпетици. Дури и моделите без платформа можат да бидат двојно поудобни ако имаат дебела потпетица која ќе ви ја одржи рамнотежата.

kako-da-odberete-udobni-visoki-potpetici-05.jpg

Неудобно/Удобно


5. Сигурност

Колку се поголеми шансите да изгубите рамнотежа во високите потпетици, толку се потешки за носење. Покрај тоа што треба да изгледаат убаво, задолжително треба да му дадат потпора на целото тело. Пресечените модели кои завршуваат под глуждовите се ризичен избор. Неколку ремчиња плус може да изгледаат посекси и воедно ви го олеснуваат одењето.

kako-da-odberete-udobni-visoki-potpetici-06.jpg

Неудобно/Удобно

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава