Новата Хуго Бос колекција достапна и во Македонија (фото)

Колекцијана на Хуго Бос за есен/зима 2014 пристигна во Македонија. Три линии наменети за мажи се достапни оваа сезона во продавницата на Хуго Бос - BOSS, BOSS Green и BOSS Orange.

novata-hugo-bos-kolekcija-dostapna-i-vo-makedonija-1002135922.jpg

Кампањата на колекцијата BOSS е препознатлива оваа сезона по главниот лик – Скот Иствуд, син на популарниот Клинт Иствуд кој е вистинскиот олицетворение на мажот за кого е наменета колекцијата – харизматичен и природен.

Кампањата е изработена од страна на светски познатите дански фотографи Inez van Lamsweerde и  Vinoodh Matadin, а е фотографирана во познатото студио Pier59 во Њујорк.

Колекцијата BOSS како и секоја сезона, така и оваа се одликува со совршен крој, одлични материјали и детално изработени парчиња.

Минималистичкиот дизајн со префинети детали ветува уште една безвременска колекција.

 Колекцијата BOSS Orange ни покажува како дури и невозможните комбинации стануваат возможни доколку се направат на вистински начин.  Комбинација од сјајни и мат материјали која истовремно изгледа моќно и мистериозно.

 BOSS Green е колекцијата посветена на поспортските моменти од животот, а сезонава се одликува со модерен и футуристички дизајн, детали во боја и анатомски кроеви.

Колекциите разгледајте ги во продолжение:

Би можело да ве интересира:

Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
Нова Bridal колекција ESSENCE 2026 на модната креаторка Антонија Ристовска Bridal колекцијата ESSENCE 2026 е инспирирана од жената – од суштината на нејзин...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...

Најчитани неделава