Манекенката со ретка болест на кожата стана заштитно лице на Desigual

Desigual ги менува стандардите во светот на модата! Прекрасната Шантел Браун Јанг има ретко пореметување на пигментацијата, по што и се разликува од сите останати манекенки.

manekenkata-so-retka-bolest-na-kozata-stana-zastitno-lice-na-desigual-01.jpg

Токму како таква, единствена, необична, а сепак фантастична, Шантел беше одбрана за ново заштитно лице на шпанскиот бренд Desigual.

„Desigual се бори да биде необичен и единствен, па откри дека токму јас сум идеалната личност за да го претстави тоа,“ вели Шантел.

„Се надевам дека на светот ќе му покажам како недостатоците може да се претворат во ваш заштитен знак,“ изјавила 20-годишната манекенка која влезе во светот на модата преку шоуто „Американски топ-модел.“

Ова е само дел од есенската кампања на шпанскиот бренд кој реши да ги сруши сите стереотипи во „совршениот“ свет на модата:

Еве како се одвивало снимањето:

Би можело да ве интересира:

Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава