Hugo Boss колекција за пролет/лето 2015

Светот на музиката ги содржи правилните состојки за софистициран и лежерен начин на облекување. BOSS ја гради последната колекција околу оваа инспирација во која формалниот се комбинира со реласкираниот стил на урбана средина. Од половично обрабени до тесно кроени палта -  облеката сезонава наоѓа баланс помеѓу строгото и лежерното.

hugo-boss-kolekcija-za-prolet-leto-2015-001.jpg

Кроевите се силната страна на BOSS, па така и во оваа колекција може да се најдат перфектно скроени одела, а новитет се деконструираните јакни за лежерен, секојдневен изглед. BOSS се надоврзува на оваа идеја со свеж стајлинг - едноставна маица во комбинација со костум го прави изгледот порелаксиран, а  застапени се азурно сината боја комбинирана со пригушено бела.

Квадратните форми се среќаваат во горниот дел на облеката, постепено стеснувајќи се во делот на панталоните. Впечатливи парчиња за сезоната се и двобојните кратки мантили, кожни колеџ јакни, како и поло маици од лесен памук. Пепито, дезен во форма на рибина коска и ригите се доста застапени и го прават остриот изглед неочекувано разигран.

Карактеристиката по која BOSS мажот најмногу се разликува од останатите е неговата љубов кон извонредни мокасини, направени од антилопска кожа со дополнителен ефект на стара патина.

Богатите, необични комбинации на бои - фламинго розова кошула со панталони во песочна боја и арт деко сина во комбинација со кафена боја внесуваат нов ритам во светот на BOSS.

Американските филмски класици од 1950-тите, 1970-тите и 1980-тите години, каде главна тема е патувањето, се инспирација за новата колекција и кампања на BOSS Orange за пролет/лето 2015. Со ефект на замагленост и прав присутна на фотографиите , колекцијата има за цел да ja модернизира и урбанизира  оваа тема на колекцијата, комбинирајќи винтиџ елементи и придавајќи им ублажена острина. Време е да почнете да патувате со стил.

BOSS Green за пролет/лето 2015 ги комбинира архитектурата и модерните органски форми во спортска, но трендовски актуелна колекција со свежи и силни бои кои ќе Ве внесат во тропско летно расположение. Колекцијата вклучува облека која се карактеризира со едноставна, лежерна елеганција, изразувајќи чувство на слобода за време на топлите сончеви летни денови.

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
5 пролетни комбинации на бои кои изгледаат луксузно и стилски (фото) Небесно сина со бордо или маслинеста зелена со беж – комбинации на бои со кои ов...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...

Најчитани неделава