Црните нокти повторно ИН

crnite-nokti-povtorno-in-povekjeСо оглед на тоа дека рок стилот се врати на модната сцена сезонава, повторно се актуелни темните тонови на ноктите, а апсолутен хит се црната и тегет боја.

 

Не заборавајте дека овие нијанси на лакови секогаш мамат погледи, па затоа потрудете се вашите нокти и раце секогаш да изгледаат беспрекорно средени и негувани.

Тегет и црниот лак најдобро изгледаат на куси и нокти со crnite-nokti-povtorno-inсредна должина, а што се однесува до обликот пак оваа сезона се носат заоблени нокти.

Темните тонови се лесни за комбинирање, па можете да ги носите со секаква боја на облека. Со светлите тонови на облека, темните нокити уште повеќе доаѓаат до израз. Исто така, овие бои не се разервирани само за рок стилот, тие одлично се вклопуваат и во секојдневните, елегантните, како и гламурозните модни комбинации.

За темниот лак да изгледа убаво на ноктите, мора да се нанесува многу внимателно. Токму затоа најдобро би било да корстите лак кој брзо се суши.

Во продолжение еве 2 совети кои ќе ви помогнат да го нанесете лакот беспрекорно добро.

- За почеток, на ноктите нанесете безбоен заштитен лак богат со состојки кои ги негуваат и штитат ноктите.

- Потоа внимателно нанесете лак на секоја страна од линијата на средината на ноктот, но не до самиот крај (секогаш оставете мала празнина од 2 до 3 милиметри до работ на ноктот).

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Урбани дами, кул девојки: Уличната мода во Скопје во лето 2025, низ папарацо фотки на Инстаграм проф... Од дами облечени во тон со својот цветен велосипед до млади и урбани девојки со ...
Модни лекции од Џеки Кенеди и клучни стилски парчиња – жената која не следеше трендови, туку ги созд... Покажи го малку вратот и клучната коска, со вкус. Кога се двоумите комбинирајте ...
Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Џемперите со мече се хит – како да го носите најбараниот модел за оваа сезона? (фото) Ralph Lauren Polo џемперот со препознатливото мече е повторно хит, но слични мод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg