Водич за идните невести: Како да одберете совршен шешир?

Иако денес често не се носат, сепак шеширите се интересен детаљ кој е совршен за идните невести кои сакаат да изгледаат гламурозно.

vodic-za-idnite-nevesti-odberete-sesir-so-stil-1

Ако и вие сакате да носите шешир на вашата венчавка, тогаш погледнете го овој мал водич за да не погрешите при одбирањето:

1. Кога го одбирате шеширот, најдобро е да бидете облечени во невестинскиот фустан. Замолете ги продавачите да ви дадат неколку за да можете дома да пробате, а потоа купете го само оној кој најдобро ви прилега.

2. Правилото кое треба да го почитувате е следно: колку поедноставен фустан, толку понеобичен шешир и обратно.

vodic-za-idnite-nevesti-odberete-sesir-so-stil-2

3. Ако вашиот невестински фустан има многу украси, тогаш важно е да направите баланс. На широкиот фустан одлично прилега голем и широк шешир, за да вашиот горен и долен дел бидат во склад. Доколку вашиот фустан е тесен и ја следи линијата на телото, тога одберете мал шешир на кој може да додадете мрежа за повеќе волумен на вашиот изглед.

4. Доколку сте ниска, дозволете си шешир кој додава на висина па така повеќе ќе се извишите, а доколку сте високи одберете ниска структура на шешир или шешири кои се накривени на една страна.

Со носењето на шешир дефинитивно ќе бидете забележани, несекојдневни и оригинални, а секако тука се и фотографиите кои навистина ќе бидат совршени.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Модна инспирација од Македонки: Идеи за аутфити ако сте гостинка на свадба наскоро Од долги монохроматски креации до куси, смели избори... Ако ви претстои свадба, ...

Најчитани неделава