Каква фризура е во тренд?

kakva-frizura-e-vo-trend-povekjeПриродниот изглед на косата е прaвило број еден кога се во прашање фризурите за оваа сезона. Долгокосите тоа ќе го постигнат со природен пад...

 

...на косата разделена на средина, а оние кои сакаат кратка коса можат да се потшишаат необично. Бојата на косата мора да биде колку што може поприродна.

Долга коса kakva-frizura-e-vo-trend-1

Ако имате долга коса, оваа сезона се препорачува да ја носите пуштена во слободен пад. Од боите се препорачуваат природните тонови, од златна до црна.

Темнокафеавата нијанса е повторно „ин“, но ако сакате да бидете повпечатливи одберете ја црвената боја. Што се однесува до формата се препорачува рамна коса, но може да биде и степенасто шишана.

Шишките можете да ги заборавите сезонава, посебно кога станува збор за долга коса. Без разлика на тоа дали имате права, благо прекршена или кадрва коса, оваа сезона дозволете и природен изглед со патец на средината.

Заборавете на тешките гелови и препарати за обликување и дозволете и на вашата коса да биде слободна!

kakva-frizura-e-vo-trend-2Кратка коса

Фризурите кои оваа година ги прославија Katie Holmes, Victoria Beckham, Kelly Osbourne, Rihanna, Michelle Obama и Halle Berry, и понатаму се „ин“.

Кај кратката коса не важи правилото без шишки, па можете да си дозволите прекривање на челото. Најпопуларни сезонава се оние фризури во кои шишките паѓаат дијагонално од едната на другата страна, а остатокот од косата не е строго обликуван.

Собрана коса

Трендовите кои сезонава ги промовираат врвните стилисти наложуваат посета на салон доколку сакате собрана коса. Имено собраната коса сезонава е малку крута и строго дефинирана.

Ако сакате тренди фризура подигнете ја косата од челото кон темето, па потоа спојте ја во најнеобични облици. Сезонава исто така во тренд остануваат и плетенките, уредни и стегнати, но и пунџите украсени со најразлични додатоци за коса.

Би можело да ве интересира:

10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Обетките кои се хит во лето 2025 – ги обожаваат и познатите Македонки (фото) Златните обетки во форма на морска ѕвезда ги гледаме буквално насекаде – ги обож...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Мексиканска убавица е новата Мис Универзум – се борела со АДХД, беше понижена на изборот Од детство со булинг заради борбата со дислексија и АДХД кога врсниците ја исмев...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg