Изберет капут за оваа зима

izberete-kaput-za-ovaa-zima-povekjeАко се земат во предвид насоките на светските модни креатори оваа есен и зима, капутите ќе бидат многу модерни. Единствено е важна должината...

 

...до колена, додека кројот, бојата и материјалите се разновидни.

Значи, без разлика на тоа дали е класичен или бунтовнички, важно е во капутот да се чувствувате пријатно и топло.

Вљубениците во класиката слободно можат да го извадат својот омилен капут во рамен крој, со помали или поголеми ревери или пак јака во вид на шал. Уште е во бојата на костен или пак изработен од сив твид, вие сте навистина подготвени за оваа зима.

За малку посмелите - тука се капутите во вид на џемпери. Разновидна игра на материјали, многу набори, крагња која се продолжува во шал, лев дел подолг од десниот и слично. Се е дозволено се додека во него е топло.

izberete-kaput-za-ovaa-zima-1

Капутите во силни бои ќе го разиграат тмурниот зимски пејсаж, но внимавајте да не претерате. Можеби сепак е подобро да се држите до карираните дезени, со нив не можете да погрешите.

Жолтите, сините, розевите и виолетовите капути се комбинираат со еднобојна гардароба и тоа најчесто црна, а облеката и чантата мораат совршено да се вклопат.

Во комбинација со црвен капут никако не носете и црвена капа, тоа е комбинација која уште одамна е прогласена за невкусна.

izberete-kaput-za-ovaa-zima-2

Би можело да ве интересира:

Идеи како да комбинирате розов џемпер во пролет (и да изгледате стилски, не кич) Розовата облека не мора да изгледа кич и несериозно, ако знаете како да ја комби...
Македонките го обожаваат: Топ на преклоп - хит за гостинки на свадба, кои сакаат гламур и доминација Eлена Ристеска го облече за на свадба, каде настапи како изненадување за младенц...
Бремена манекенка во 9-ти месец, Ешли Греам гордо ги покажа облините во секси облека – Најдобрите мо... Провокативна долна облека, тантела, циркони, свила и пердуви, дополнето со ангел...
Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Tokyo James во Милано Нашиот интернационален модел, Ивана Манас, која со години работи на светската мо...
10 трендови за тексас фармерки кои ќе доминираат во есен 2025 Долгите и широки кроеви продолжуваат да владеат, цевка моделите го доживуваат тр...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg