Бунтовнички чизми над колена

buntovnicki-cizmi-nad-kolena-povekjeАко ги следите модните насоки за сезоната која доаѓа и помисливте дека овој пат ќе ги изоставиме чизмите над колена, сте се излажале. Впрочем кога...

 

...ќе видите како дизајнерите одлично ги комбинираат со секаков вид на облека, веднаш ќе посакате барем еден пар за себе.

Имено, оваа есен и зима високите чизми растат уште повеќе и сега се носат над колената. Досега истите им беа познати само на пиратите и рибарите или пак од друга страна во лакирана варијанта како ненадминлив секси фетиш.

Сега, чизмите над колена стапија на модната сцена во секси, но не вулгарна варијанта наменети како за вечерните така и за дневните излегувања.

На модните писти можевме да ги видиме сите можни и невозможни варијанти на дизајнерска фантазија, од тесно припиени кон ногата до многу широки, но во секој случај исклучително високи.

buntovnicki-cizmi-nad-kolena

Пиратската верзија овој пат ја одбраа Vivienne Westwood Red Label, Peter Pilotto и Costume National.

Ако пак се решите за светкавата варијанта каква што предлагаат Roberto Cavalli и Stella McCartney, внимавајте вашата облека, здолништата, фустаните и капутите да имаат раб подолг од оној на чизмите за да не изгледате како „ноќна дама“. Впечатлива металик верзија на чизмите над колена сезонава понудија и Louis Vuitton и Giles.

И за крај да напоменеме, дека мини здолништата, шорцевите и кратките фустанчиња се одлична комбинација со трендовските чизми сезонава.

Би можело да ве интересира:

Македонките го обожаваат: Топ на преклоп - хит за гостинки на свадба, кои сакаат гламур и доминација Eлена Ристеска го облече за на свадба, каде настапи како изненадување за младенц...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Што облекоа гостите на Лазаров награди 2026 во Скопје? (фото) Дотерани, впечатливи, дел во креации од македонски модни дизајнери, се чини дека...
„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Зимски комбинации со тексас фустан – парче што се носи во секоја сезона (фото) Се комбинираат со животински принтови и аксесоари од кожа, а изгледаат мошне доб...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg