Предлог за оваа пролет: Цветно венче

Чудотворно, женствено и убаво, цвеќето секогаш може да биде сладок прилог на косата. Одлучете се за нежен ореол од свежи цветови или флора од свила и пластика со висок квалитет.

modna-izjava-devojka-so-cvetovi-vo-kosite-01

Изгледот има свои корени. Многу одамна цветовите во косите на речиси секоја девојка се врзувале со земјата и сезонските времиња. Цветовите се носеле за заблагодарување на боговите на плодноста и почвата.

Од друга страна пак, исто така симболизирале и статус и достигнување. Никој друг освен оние кои ги освојувале олимписките игри не смее да носи маслинови гранчиња на глава.

Јазикот на цвеќињата и билките бил добро познат и применуван. „Ова е рузмарин, тој е за помнење, љубов“ - изјавува Офелија додека за последен пат го бакнувала својот драг Хамлет.

Нешто подоцна цветот добива симбол на прикриена сензуалност и романтичност. Симбол на едноставниот селски живот по кој се копнее и секако сè повеќе ценет за неговите декоративни вредности.

Додека младите невести и натаму продолжуваат да ги носат, на ним им се придружило и хипи движењето. Овие цветни деца ја кителе својата разбушавена коса со диви цветови за да ја означат нивната поврзаност со природата.

Оваа пролет можете да практикувате „недовршена“ фризура или целосно накитени пунџи. Во секој случај украсете се со убави ружи кои се врвот на романтиката и крајната изјава.

Погледнете ја галеријата за некои практични идеи:

Би можело да ве интересира:

7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките? Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...
Девојките се опседнати со „дедовски чевли“ комбинирани со чорапи – како ги носат? (фото) Девојките кои следат трендови сè почесто може да се забележат во ретро модели на...

Најчитани неделава