Водич за мажи: Со што да ги носите оксфортките?

Оксфортките се класичен изглед на машки чевли кои се дефинирани според нивниот карактеристичен изглед со затворено врзување каде дупчињата се препокриени, или на врвот од чевлата. Тип на чевли кои секој маж треба да ги поседува во својот плакар.

vodic-za-mazi-so-sto-da-gi-nosite-oksfortkite-01-2.jpg

Дизајнот оригинално е едноставна и празна чевла направена од кожа, но полека низ годините се менувал и добил разноврсни варијации. Овие варијации вклучуваат менување на типот на материјал од кој се направени, бојата на обувките и количината на детали со која се украсени.

Самиот тип на чевла името го добива од оксонските чевли, „получизми“ со странични прорези кои биле биле популарни меѓу студентите од Универзитетот во Оксфорд во 1825-тата година. Подоцна се појавуваат и во Ирска и Шкотска каде биле именувани како „Балморалки“ по замокот Балморал.

Без разлика на тоа од каде им е потеклото, оксфортките денес се дизајн на чевел кој речиси секој маж го поседува и му служи за довршување на формалниот изглед, но може да се комбинира и со полежерен стил на облекување.


1. За формалните прилики

Оксфортките имаат една важна цел. Тие се стилски додаток на секое одело и кога сакате да ги вметнете во вашиот формален изглед, најбезбедна опција е да ги облечете вашите црни оксфортки. Црните оксфортки искомбинирани со триделно одело ќе ви дадат високо софистициран изглед.

Генерално, доколку сакате да постигнете што е можно поформален изглед најдобро е да ги облечете едноставните оксфортки. За стилско довршување на вашиот изглед, носете ги со чорапи во месо боја и со часовник или марамче во еден од џебовите на вашето сако.

oksfortki-broj-eden-izbor-za-elegantna-cevla-na-mazite-1.jpg


2. За секојдневен стил

Овој избор на чевли може да се примени и во секојдневниот стил. Доколку сакате да ги носите вашите омилени оксфортки на кафе со пријателите, најдобра комбинација е со едноставни панталони кои завршуваат до чевлата или џинс и џемпер.

Доколку сакате да постигнете повпечатлив изглед, носете ги со завратени панталони и дозволете вашите чорапи да бидат видливи.

oksfortki-broj-eden-izbor-za-elegantna-cevla-na-mazite-2.jpg


3. Кафеави оксфортки

Овој тип на боја најдобро се комбинира со сиво, темно кафеаво или морнарско сино одело. За разлика од црните, кафеавите оксфортки кога се во комбинација со овие бои даваат посилен изглед и визуелно се истакнуваат.

oksfortki-broj-eden-izbor-za-elegantna-cevla-na-mazite-3.jpg


4. Оксфортки во месо боја

Оваа боја полека сè повеќе станува неодминлив дел од изгледот на машките чевли. Благодарение на светлите и темните тонови кои се комбинираат во овој тип на боја, овие чевли може да се комбинираат со речиси сè. Овој тип на боја е одличен за помалку формалниот изглед и можете да ги искомбинирате со тексас панталнони, памучни панталони во силни бои, или морнарско плави панталони.

oksfortki-broj-eden-izbor-za-elegantna-cevla-na-mazite-4.jpg


5. Црни оксфортки

Ова е број еден избор за бизнис и формалните ситуации. Црните едноставни оксфортки се најверојатно најразноврсниот тип на обувки кои секој маж мора да ги поседува и може да ги комбинира со секој стил изглед и секоја боја. Истовремено се и најконзервативниот изглед доколку се искомбинирани со одело.

oksfortki-broj-eden-izbor-za-elegantna-cevla-na-mazite-05.jpg


6. Уникатен и индивидуален стил

Доколку сакате пар на чевли кои ќе го одразат вашиот уникатен изглед, тогаш можете да се одлучите за пар кој ќе биде исполнет со уникатни и стилски детали. Одлучете се за пар кој е составен од две или повеќе различни бои.

oksfortki-broj-eden-izbor-za-elegantna-cevla-na-mazite-6.jpg

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава