Моден предизвик: 10 дена го носела истиот фустан

Купувате некое ново парче облека и едноставно не сакате да се одвоите од него, но нели тука стои прашањето за тоа како ќе изгледа пречесто да го носиме?

10-nacini-na-stiliziranje-na-koshula-fustanot-01.jpg

Оваа девојка се одлучила за 10 дена да го носи истиот кошула-фустан, секако со мали измени во стилизирањето на истиот.

„Отсекогаш сум била фан на мотото „едно парче, три начини“. Звучи забавно нели? Дополнително на тоа кој не сака што е можно повеќе да го искористи омилениот фустан од гардероберот? Јас барем го го обожавам мојот кошула фустан“ - вели стилистот Аманда Кајзер.

На тој начин Аманда покажува дека стилизирањето е поврзано со проникливоста, креативноста и можноста за креирање на сосема нов изглед од само едно парче облека.

Како за почеток се одлучила за верзија која е по неутрално обоена и која може да има друг слој на облека и под неа и над неа.

„Вооружана со поголемиот дел од мојот гардеробер за две недели го започнав моето креативно патување со само неколку општи идеи“ - Вели Аманда и продолжува „знам на што размилслувате, да мојот фустан се сретна неколкупати со машината за перење облека“.

Погледнете како изгледаат 10-те различни комбинации на кошула фустанот кои Аманда ги носела за две недели.

Би можело да ве интересира:

Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава