Парчиња облека кои треба да имаат етикета „опасно по здравје“

Модата и трендовите често пати не се согласуваат со здравјето, па затоа постојат најмалку 12 парчиња облека и додатоци кои би требало да ја носат етикетата „опасни по здравје“.

parcinja-obleka-koi-treba-da-imaat-etiketa-opasno-po-zdravje-01.jpg

1. Потпетици на платформа

Иако се ужасно секси и нозете во нив изгледаат подолги, високите потпетици може лесно да предизвикаат артритис и проблеми со грбот. Секојдневното носење штикли може да предизвика и поместување на колковите и карличните мускули. Проблемите со колениците и отежнатата циркулација се уште еден „бонус.“

Најопасни се шпиц моделите, а докторите советуваат дека висината на потпетицата не би требало да биде поголема од 5 сантиметри.


2. Апостолки

Иако изгледаат удобно, можат да предизвикаат сериозни проблеми затоа што не ја потпираат петата, односно може да ви направат плускавци, повреди, но и посериозни фрактури.


3. Корсети

Иако се модерни и секси, може да направат проблеми со внатрешните органи. Заради стегањето на желудникот можни се и проблеми со дишењето и отежнато варење на храната.


4. Ремени

Ако премногу го стегнете, ременот може да ви ги вкочани нозете. Исто така, можни се и проблеми со абдоменот. Затоа, внимавајте колку стегате.


5. Мини здолништа

Некои лекари тврдат дека носењето мини здолништа на ниска температура предизвикува настанување на целулит. Како што објаснуваат, кога на телото му е ладно тоа се брани така што создава дополнителен слој маснотии кои ја забавуваат циркулацијата и го зголемуваат ризикот за формирање на целулит.

parcinja-obleka-koi-treba-da-imaat-etiketa-opasno-po-zdravje-02.jpg

6. Тесни здолништа со колена

Го отежнуваат наведнувањето и одржувањето на рамнотежа. Сепак, не се претерано опасни освен ако не ги носите секојдневно.


7. Боди и мидери

Различните модели на боди и мидери кои ја измазнуваат фигурата се голем хит, но и ризик за проблеми со дишењето, па дури и мачнини во стомакот.


8. Градници

Повеќе од 70% од жените носат погрешен градник, што може да предизвика болки во вратот, грбот и градите.


9. Евтина облека

Евтината маичка може да биде супер за да заштедите, но сепак со себе си носи ризик. Едно истражување покажало дека поголем дел од евтината облека во себе има одредени хемиски споеви кои негативно влијаат на хормоните на луѓето.


10. Стегнати кравати и машни

Редовното носење и прецврстото врзување на краватите може да ја забави циркулацијата и да предизвика проблеми со дишењето.

parcinja-obleka-koi-treba-da-imaat-etiketa-opasno-po-zdravje-03.jpg

11. Големи чанти

Ако се преполни, лесно може да ви предизвикаат болки заради лошото држење на телото, односно накривувањето на грбот.


12. Огромни обетки

Големите и тешки обетки може да ја оштетат ресичката на увото, што понатаму води до инфекции и други ситни здравствени проблеми. Затоа не купувајте претешки модели.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg