Со мали промени до нов изглед ова лето

За да имате разлика во секојдневниот изглед, нема потреба драстично да го менувате изгледот, туку и малите промени можат да направат да изгледа како поинаква личност.

so-mali-promeni-do-nov-izgled-ova-leto-1

Овие 3 едноставни начини ќе ви помогнат да го освежите вашиот изглед ова лето:

1. Пробајте маскара во боја

so-mali-promeni-do-nov-izgled-ova-leto-2

Ако до сега никогаш не сте ставиле маскара во боја, сега е вистинското време за да го направите тоа. Прво нанесете малку црна маскара, а потоа пробајте зелена, сина или виолетова. Очите ќе ви дојдат до израз и ќе блеснете во полн сјај.


2. Одберете светла боја на кармин

so-mali-promeni-do-nov-izgled-ova-leto-3

Уште еден начин за да го подобрите вашиот изглед ова лето е да одберете кармин во светла боја. Пробајте портокалова или розова боја, за вашите усни да добијат летен изглед. Во мода се мат верзиите на кармини, а штом нанесувате кармин не ги истакнувајте очите, туку нанесете само малку туш.


3. Нагласете ја бојата на косата

so-mali-promeni-do-nov-izgled-ova-leto-4

Еден од најлесните начини да го освежите целокупниот изглед во текот на оваа сезона е малку да ја нагласите бојата на косата, односно нијанса потемна или посветла. Консултирајте се со фризерот и така полесно ќе одлучите, а доколку не сакате да ја бојадисувате целата коса, тогаш омбрето е совршен избор за вас.

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава