Тамара Тодевска и Fashion Group – почеток на една модна песна

Талентираната и млада пејачка Тамара Тодевска својот стил ќе го претставува преку брендовите на Fashion Group. Секој бренд одделно отсликува посебна страна на Тамара, па така на нејзиниот авантуристички дух ѝ прилега Timberland, женственоста и нежноста ќе ја изрази преку Parfois, Women ‘secret и Golden point, ќе ги поставува трендовите заедно со MANGO и Fashion & Friends, младешкиот изглед ќе го истакне со Springfield, а ќе зачекори и во чевлите на Bata и Geox.

tamara-todevska-i-fashion-group-pocetok-na-edna-modna-pesna-01.jpg

Парчињата облека,  обувките и модните додатоци ќе ги избира заедно со нејзините стилисти Мите Занов и Виктор Стојкоски, а својот избор ќе го споделува со нејзините фанови на сите социјални мрежи, па така секогаш ќе бидеме во тек со модните комбинации кои ќе ги прави Тамара. Деновиве имавме можност да ја видиме како ужива во шопингот во продавниците на Fashion & Friends и MANGO, како пробува парчиња облека од брендовите Guess, Diesel, Replay, Levi’s и нивните легендарни 501 фармерки.

Инаку, денес Тамара Тодевска ќе го промовира вториот албум „Еден ден“ во издание на Горила Продукција, на кој можат да се најдат последните хитови и соработки со познати македонски музички имиња. По најавата, најсреќните купувачи во продавниците на брендовите MANGO, Bata и Springfield со сметка над 2.500 денари, ќе имаат можност да добијат гратис албум.

Fashion Group секогаш ги поддржува македонските таленти, па така освен моменталната соработа со претставникот на овогодинешната Евровизија – Даниел Кајмакоски, компанијата има соработувано со сестрата на Тамара – Тијана Дапчевиќ за време на минатогодишното претставување, како и со многу други естрадни изведувачи.

Би можело да ве интересира:

Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите? На првата вечер доминираа црни аутфити со тантела и кожени детали, а меѓу посети...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Зоки Давитков во жолти панталони со раскопчано бело сако, Маја Кикириткова проме...
Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите? Како и првата вечер, црната боја беше фаворит кај гостите на Shtip Fashion Days ...

Најчитани неделава