252 пати дневно под притисок

Околу стотина жени биле замолени да соработуваат во експериментот во кој се мерeше колку пати во текот на денот чувствуваат незадоволство поради...

 

... својот изглед и стареењето.

Во текот на 7 дена, жени на возраст од 35 до 69 години беа замолени секое незадоволство да го регистрираат со притискање на копчето на еден мал уред, било да почувствуваат грижа за лицето, телото или изгледот, генерално.

Во просек, жените имаат 36 негативни мисли во текот на денот. 252-pati-dnevno-pod-pritisok1

"Ова едноставно ни демонстрираше колку всушност жените се опседнати со својот изглед", изјавила Шери Хјусон, една од испитаничките. Шери, која имала корекција на лицето пред 10 години, го притиснала "алармантното" копче за грижа 1400 пати во текот на 7 дена. Таа имала негативна мисла за себе секои 3 минути.

"Кога ќе се погледнам во огледало, не се препознавам себе си. Најлошо е наутро. Но како нанесувам шминка, се' помалку го притискам копчето, така што само кога сум комплетно готова, престанувам", објаснува Шери.

Студијата ја воделе инструкторката по фитнес Ирен Естри и психијатарот Ема Кени со цел да увидат колку општеството им создава притисок на жените околу нивниот изглед.

Заклучокот е едноставен - поради зголемениот притиок и идеализирање на жената, заедно со преслабиот изглед и "пластичното" и неприродно младо лице предводени од холивудските ѕвезди, манекенки и славни лица - жените се преотоварени околу тоа како најдобро да излегледаат и што повеќе да наликуваат на познатите и славните.

Би можело да ве интересира:

Идеи како да комбинирате розов џемпер во пролет (и да изгледате стилски, не кич) Розовата облека не мора да изгледа кич и несериозно, ако знаете како да ја комби...
5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025 Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со пат...
Модна инспирација: Како се облекуваат паровите кои од далеку изгледаат скапо? (фото) Ако сакате од далеку да делувате како пар кој е вљубеник во модата, тивкиот лукс...
Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
Модна инспирација од Македонки: Идеи за аутфити ако сте гостинка на свадба наскоро Од долги монохроматски креации до куси, смели избори... Ако ви претстои свадба, ...
Moдните изданија на македонските познати дами на Саемот за венчавки - Антониа Гиговска издоминира со... Саемот за венчавки се одржува од 20 до 22 февруари годинава, а по традиција, пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg