Зимска нега на кожата

zimska-nega-na-kozata-povekjeВо пресрет на зимата потребно е да ги корегираме своите секојдневни навики и да го спречиме оштетувањето и дехидрирањето на кожата.

 

Затоа еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја заштите и да ја одржите убавината на својата кожата во текот на студените зимски денови.

  • zimska-nega-na-kozata
  • Лицето чистете го само еднаш дневно и тоа навечер, а наутро само измијте го со вода.
  • Алкохолот ја суши кожата па затоа во текот на зимата не употребувајте производи за нега кои содржат алкохол.
  • Нанесете пилинг на лицето и телото барем еднаш неделно.
  • Туширајте се со топла, а не врела вода и тоа не подолго од пет минути. Кога се туширате, избегнувајте триење на кожата со сунѓер и секогаш користете хидратантни гелови или купки.
  • Хидрирајте ја кожата, мачкајте ја најмалку два пати дневно со хидрантна крема или млеко за тело. Колку ви е кожата посува толку погуст треба да биде препаратот за хидратација. За екстремно сува кожа користете крема, не млеко.
  • Рацете најмногу страдаат во зима, па затоа пред спиење нанесете хидрантна крема на и ставете памучни ракавици за спиење, ефектот е неверојатен.
  • Освежете го воздухот во спалната соба, бидејќи греењето значително го суши воздухот. Најдобро би било во спалната да ставите овлажнувач на воздух, но не заборавајте редовно да го чистите бидејќи во него многу лесно и брзо се населуваат бактерии и се размножуваат паразити. Затоа редовно менувајте ја водата и чистете го апаратот секој трет ден.
  • Облечете се топло пред да излезете. На рацете најдобро би било да ставите кожни ракавици бидејќи тие ја чуваат влажноста на вашата кожа. На усните задолжително нанесете хидрантен балсам или кармин, кој ќе ве штити од ветерот и студот. И секако не го заборавајте лицето, задолжително нанесете хидрантна крема која ќе го спречи сушењето на кожата.

Би можело да ве интересира:

За најхрабрите: Како да носите високи чорапи (со жартиери), а да не изгледате вулгарно? Ако сте храбри или ако сакате да експериментирате со стилот, тогаш зошто да не н...
Ким Кардашијан непрепознатлива, Рита Ора со огромен шешир – Како се појавија ѕвездите на забавата по... Голотијата и мини фустанчиња од минатите години, сега сите ги заменија со префин...
Марјана Станојковска во „гол“ фустан, Агнеса во впечатливи сандали - Што облекоа гостите на Influenc... Забавата беше замислена како вечер под маски, па гостите својот стајлинг го комб...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
9 модели на костими за капење кои ќе бидат хит во лето 2026 Бикини или монокини со контрастна трака веќе гледаме насекаде, но и модели во пу...
Модни формули за најпопуларните пролетни комбинации на Pinterest (со облека што веќе ја имате) Бели фармерки со тексас кошула или сив џемпер, во комбинација со црни мокасини и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg