Привлечно, удобно и секси со Јасна Лековска за women'secret

privlecno-udobno-i-seksi-so-jasna-lekovska-za-women-secret-02.jpg

Секоја сезона women‘secret се стреми да ги исполни барањата и желбите на понежниот пол, притоа да им понуди нешто ново и тренди.

Women‘secret е бренд кој прави да се чувствувате Привлечно, Удобно и Секси секојпат кога ги носите парчињата, без разлика дали се работи за долна облека, пижами или пак костими за капење. Секоја жена се разликува по возраста, професијата, потребите, желбите, но секогаш има нешто што ги спојува, а сето тоа се содржи во women’secret.

Јасна Лековска – по професија адвокат, но по струка пилатес-инструктор и сопственик на студиото „Тринити“, е една од девојките кои го отсликуваат брендот.

Самоуверена, ведра, фит, природна, инспиративна, се само дел од карактеристиките кои ја одликуваат и ја прават посебна. Одржувањето во форма, грижењето за природниот изглед, промовирањето на здрава исхрана, вежбањето на умот и телото, се есенцијалните работи кои се применуваат во секојдневието на Јасна, а истите се совпаѓаат со тоа што women‘secret сака да го пренесе.

Women’secret заедно со Јасна Лековска изработи водич, кој вклучува совети за тоа како да се чувствувате Привлечно, Удобно и Секси во текот на целата година!

За фотографија беа задолжени дуото Ани&Дими, а за шминка и фризура се погрижи Игор Марков. Водичот може да го пронајдете во продавницата на women’secret во Скопје Сити Мол, како и во студиото „Тринити“.

Би можело да ве интересира:

Седум модни парчиња што ќе бидат популарни во текот на целата година Кожена јакна која веќе е класика, чевли со отворена пета и ремче, но и елегантна...
Тренд за 2025: Чанти што личат на крпа од џогер - и наша модна инфлуенсерка се вљуби во нив И македонската модна инфлуенсерка Марис се вљуби во овој тренд на чанти и вели д...
Единствената боја која ќе биде насекаде во 2026 – ледено сина за софистициран моден впечаток Ледено сината боја е хит во 2026 и веќе многумина почнуваат да ја вметнуваат во ...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
14 одлични идеи како да носите боб-фризура во есен 2025 Ако сте подготвени за промена на фризурата - вистинскиот избор оваа есен ќе биде...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...

Најчитани неделава