Првиот плус сајз модел од Хрватска: „Конечно ја прифаќам својата тежина“

Модел од Хрватска вели дека се бори против стереотипите за жените ширум светот со тоа што научила да се прифати себеси и одбива да го намали вишокот на килограми за модната писта.

prviot-plus-sajz-model-na-hrvatska-konecno-ja-prifakjam-svojata-tezina-01.jpg

22-годишната Луција Лугомер од Загреб е првиот плус сајз модел од Хрватска која верува дека ги руши предрасудите со својот моментален став.

Но, тоа не било секогаш така. Во минатото таа не била среќна со својот изглед и постојано практикувала екстремни диети кои дури и ја донеле до болница.

„Морав да научам да го прифатам моето тело. Како тинејџер додека се развивав, многу од соучениците се шегуваа на моја сметка и не ми беше лесно“ – вели таа.

Сега се гордее со себеси, затоа што како што тврди, откако таа успеала да стане модел, многу девојки започнале да доаѓаат во агенцијата за која таа работи и се заинтересирани за да станат модели.

„Во минатото поминав безброј часови обидувајќи се да ослабам, но сега сум среќна со својот изглед“ – вели таа.

„За некои сум предебела, за некои преслаба. Некои дури велат дека сум грда, но научив да се соочувам со критиките“ – додава таа.

Би можело да ве интересира:

6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...
Чанта од 20.000€, скапи дизајнерски парчиња - Колку чини облеката што ја носи Александра Пријовиќ? Гардеробата на Пријовиќ привлекува толкаво внимание, што на Инстаграм постои и п...
Mакедонките и дамите од регионот со кул аутфити уживаат на снег Нашата мала модна инфлуенсерка Фрида престојуваше во ист хотел со Данијела Димит...
Весна (61), стоматолог од Куманово, модно издоминира меѓу посетителите на Моден викенд Скопје 2026 Од плишани ракавици и масивен прстен до шапки и нокти со специјални украси, Весн...
8 предлог комбинации со џемпер без ракави – идеални за есен Џемперите без ракави изгледаат совршено со кошула, а потоа можете да ги комбинир...

Најчитани неделава