5 совети кои треба да ги запомните пред да купите нови чевли

Изгледот не е целосен без совршениот пар чевли, но важно е истите да бидат удобни, а не само убаво да изгледаат на нас. Па, пред да се решите да купите нов пар чевли, добро е да погледнете неколку трикови кои можат да ви помогнат да го одберете совршениот.

5-soveti-koi-treba-da-gi-zapomnite-pred-da-kupite-novi-cevli-01.jpg

Оваа девојка дава неколку кратки, но добри совети за тоа кога и како треба да купувате нови чевли:

1. Купувајте ги чевлите навечер

Според неа, најдоброто време за купување на нови чевли е вечерта. Се прашувате зошто? Тогаш нозете ви се изморени и малку поотечени отколку наутро, па тогаш сигурно нема да купите помал број отколку што носите. Спротивно на тоа, ако пробувате и купувате чевли наутро, голема е веројатноста дека кога ќе ги облечете истите навечер, ќе ве стегаат.


2. Купувајте еден број поголеми чевли

Поголемиот дел од луѓето имаат едно малку поголемо стапало, па затоа секогаш е добро да пробате два броја на чевли и на крај најверојатно ќе го купите поголемиот број на чевли кои одговараат на поголемото стапало. Што се однесува до помалото стапало, во тој чевел можете да ставите влошка.


3. Пробајте пред да купите и споредувајте го долниот дел на чевелот со ногата

Бројот кај сите брендови на чевли не е еднаков, па важно е секогаш да ги пробувате чевлите пред да ги купите. Кога сте во продавница, пред да ги облечете чевлите (ова посебно важи за сандалите), прво споредете го чевелот со долниот дел од вашата нога. Само ако ви изгледа дека се совпаѓаат, купете ги чевлите.


4. Платформи или потпетици

Чувајте ги потпетиците за излегувањата, кога нема да мора да стоите долго време и ќе можете да ги одморите нозете. За секој ден, добро е да имате чевли на платформа кои ќе имаат добра потпора за вашето стапало.


5. Стапалото се менува, па се менува и бројот кој го носите

Верувале или не, вашето стапало не е исто секоја година, односно како стареете вашето стапало полека станува поголемо и пошироко, па добро е да се мерите на секои 3 години и да го менувате бројот кој го носите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 пролетни комбинации на бои кои изгледаат луксузно и стилски (фото) Небесно сина со бордо или маслинеста зелена со беж – комбинации на бои со кои ов...
Единствената боја која ќе биде насекаде во 2026 – ледено сина за софистициран моден впечаток Ледено сината боја е хит во 2026 и веќе многумина почнуваат да ја вметнуваат во ...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Мексиканска убавица е новата Мис Универзум – се борела со АДХД, беше понижена на изборот Од детство со булинг заради борбата со дислексија и АДХД кога врсниците ја исмев...
Предлог зимски комбинации: Модели на капути и јакни кои изгледаат одлично со фармерки Елегантната бунда од лажно крзно можете да ја носите со пошироки фармерки и чизм...
Модна инспирација од Македонки: Идеи за аутфити ако сте гостинка на свадба наскоро Од долги монохроматски креации до куси, смели избори... Ако ви претстои свадба, ...

Најчитани неделава