Најопасните модни трендови во историјата

Модните трендови секогаш биле популарни, речиси колку што се и денес. Иако модната индустрија поседува убави парчиња на облека, некоја облека едноставно не е соодветна за носење, премногу е тесна, а понекогаш и опасна.

Najopasnite-modni-trendovi-vo-istorijata

Ова се најопасните модни трендови во историјата:

Корсети

Корсетите предизвикувале запек, чести несвестици поради потешкотии во дишењето, па дури и внатрешно крварење. Во 1874-та година е објавена листа во која се опишани 97 болести кои може да ги предизвика носењето на корсет.


Кринолина

Во текот на 19-от век кринолината била многу популарна, но имало и неколку смртни случаеви. Во јули 1861-та година, поетот Хенри Вадсворт Лонгфелоу се обидел да ѝ помогне на својата сопруга кога нејзиниот фустан се запалил. Таа починала следниот ден. Двете сестри на Оскар Вајлд, исто така, починале од изгореници откако биле премногу блиску до отворен оган во своите кринолини.


Тврди крагни 

Измислени во 19-от век, овој тип на крагни се носеле секој ден за мажите да не мора да ги менуваат своите кошули. Но, предизвикувале вкочанетост на вратот која се покажала како смртоносна, бидејќи можела да го прекине снабдувањето со крв на каротидната артерија.


Потпетици

Се вели дека биле инспирирани од танчерка која во 10-от век ги превиткувала нозете во свила за да танцува за кинескиот император. Овој тренд стана официјално забранет во 1912-та година, но сепак со тоа не престана и практиката.

Ова преобликување на нозете не било ограничено само на Кина. Во претходните векови, модерно било дамите да ги ампутираат своите мали прсти на нозете поради модерните обувки.

Иако се работи за историски практики, жените и денес трпат болка поради модата.

Иако корсети и кринолини не се носат повеќе, денес постојат луѓе кои ги отстрануваат своите ребра за да добијат помала половина.

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на Лазаров награди 2026 во Скопје? (фото) Дотерани, впечатливи, дел во креации од македонски модни дизајнери, се чини дека...
Како се облекоа најубавите дами на забавата по Victoria’s Secret шоуто – голотија и долна облека нас... Проѕирни фустани низ кои ѕирка долната облека, мини шорцеви, високи секси чорапи...
Ќе се вљубите: Панталони на преклоп - хит модниот тренд за 2026-та (фото) Некои од овие панталони создаваат ефект на „здолниште над панталони“, некои се в...
Пет деловни комбинации со фармерки кои се удобни, а изгледаат стилски Темен аутфит со фармерки и мокасини или бели фармерки со кошула и балонер. Те...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...
Омилените зимски парчиња на Французинките со кои ќе изгледате тренди и на минусни температури Удобните чизми до колена, но и ролката се омилени парчиња на Французинките за во...

Најчитани неделава