Пролетни трендови за 2016-та од Springfield

Пролетта речиси пристигна со нови лежерни трендови. Дозволете и на новата сезона на го обземе вашиот плакар.

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-1.jpg

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОЛЕТ

Цветни принтови и нежна розова пресликани на лежерни парчиња како парка јакни и фармерки од темен тексас се одличен избор за почеток на сезоната. Сината и зелената ги освежуваат овие секојдневни силуети.

Машка колекција која е лесна за носење и комбинирање. И кај мажите едни од главните парчиња се спортските парка и бомбер јакни дополнително украсени со амблеми.

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-2.jpg

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-3.jpg

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-4.jpg


ЉУБОВ ВО ПРУГИ

Сина, црвена, бела и мнооогу пруги. Модерно оваа сезона повеќе од кога и да е.

И за него и за неа.

Под влијание на трендот од 70-ите оваа колекција нуди обновена верзија  на морнарскиот стил со ѕвонести панталони, плетени блузи со широки ракави, здолништа со А-форма и копчиња, како и кратки парка јакни.  

Секојдневен, лежерен изглед и спортски стил. Блузони, лесни јакни и светол тексас за освежување на пролетната гардероба на момците.

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-5.jpg

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-6.jpg


ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО

Пролетта е тука! Нова сезона со нови неодоливи тонови. Прекрасна палета на бои ја претставува сезоната на младешки начин. Пастелна розова, сина и бела боја, разиграни принтови и симпатични, женски поло маици.

Како и женската колекција, така и машките предлози за сезонава се фокусираат на светлите бои како розовата, жолтата и тиркизната во комбинација со секогаш актуелниот тексас во светли нијанси.

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-7.jpg

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-8.jpg


ВО КАНЦЕЛАРИЈА

За тренди релаксиран изглед од понделник до петок дел од колекцијата на Springfield нуди парчиња кои ќе направат промена во работното секојдневие. Мантили, краток бел фустан, лежерни чино панталони, блузи и кошули.

Едноставни силуети и клучни парчиња во машката гардероба. Дискретни бои кои лесно се комбинираат. Сива основа во повеќе варијанти и едноставни шари инспирирани од урбаната култура.

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-9.jpg

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-10.jpg


СИТЕ НАДВОР, ДОАЃААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ

Време за поло маици со нов струкиран крој – новитет во колекцијата на Springfield. Во комбинација со шоршеви од разновидни материјали и доминација на жолтата и црвената боја. Едноставно и “cool”.

Блузи со исписи, амблеми и декорации и бомбер јакните од превртена кожа се одлична комбинација со шорцеви од светол тексас. Парчињата инспирирани од кимоното се лесни и нежни заедно со кошулите порабени со тантела. 

proletni-trendovi-za-2016-ta-od-springfield-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...
„Кружен луксуз од остатоци до наследство“: Нова колекција од модниот бренд EZ на Евгенија Зафировска Дизајнерката Евгенија Зафировска го редефинира луксузот преку кружна трансформац...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
Како да изберете фармерки што ќе ви стојат добро (и како да ви траат подолго)? Ако фармерките имаат набори кај делот со патентот, тогаш не ви се точни, а ако к...
Џорџо Армани 50 години го создаваше стилот на Холивуд - најубавите креации на кралот на модата на цр... Тина Тарнер, Џулија Робертс, Кејт Бланшет, Џоди Фостер, Ријана се само дел од св...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...

Најчитани неделава