Топ трикови за брза убавина

top-trikovi-za-brza-ubavina-povekjeНеколку брзи трикови за поубав изглед кои сигурно ќе ви се најдат. Прикривање на неправилностите на лицето, поправање на фризурата или...

 

...гламурозен изглед најдобро ги познаваат визажистите кои ги подготвуваат манекенките пред ревија.

Еве што советуваат тие.

top-trikovi-za-brza-ubavina-1

1. Одморен изглед за секунда – Нанесете златна сенка на горниот очен капак или пак светликава пудра на внатрешниот агол од окото.

2.  Крема за раце за спас на фризурата – Наелектризираната коса ја спасува кремата за раце. Ставите на дланките крем колку зрно грашок и пројдете со прстите низ косата.

3. Темна и длабока боја на усните - Сакате драматичен, впечатлив и заводив изглед на усните. Најпрво подговете ги усните со балсам, а потоа користите две интензивни нијанси на моливче за усни со боја на боровница. Моливчето натапкајте го на усните со помош на прстите и премачкајте ги усните со вазелин.

4. Брзо и лесно до smokey eyes – Нанесување на сенка за очи со влажна четкичка повеќе ќе ја истакне бојата на сенката, што е идеално за вечерно излегување.

5. Полни усни без ботокс – Со моливче во природна боја на вашите усни исцртајте линија надвор од природните граници на усните, потоа балзам за усни, сјај или светол руж и усните ќе бидат полни.

6. Нокти без дамки – честото чистење на лакот за нокти, особено ако е потемен, остава видливи дамки на ноктите. За уреден изглед, исечете лимон на половина и ставете ги прстите во него на 5 минути.

7. Оцет во шампонот – Косата ќе ја освежите така што во шампонот ќе додадете лажичка оцет и ќе промешате.

8. Цветови – за инстант гламур. Гламурозниот изглед кога косата ќе ја подигнете високо комплетирајте го со шноличка или венче со цвет на нив.

top-trikovi-za-brza-ubavina-2

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
10 модни трендови кои се хит кај Европјанките за лето 2025 Свилената марама што ја врзувавте на чанта во 2010? Сега ставете ја на глава. Ст...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...
Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците ...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
Ангела од Охрид е трудница со впечатлив летен моден стил: „Сакам да го истакнам стомакот, горда сум ... „Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg