Средете го плакарот: 5 парчиња кои веќе не припаѓаат во него

Плакарот не е музеј во кој можете да чувате сѐ и сешто. Тргнете во средување на плакарот и ослободете се од непотребните парчиња.

sredete-go-plakarot-5-parcinja-koi-vekje-ne-pripagjaat-vo-nego-01

А, еве кои треба да бидат први:

1. Џемпери кои ве пецкаат

Можеби ве топлат и убаво ви стојат, но се направени од ангора или некој друг материјал кој ја иритира вашата кожа. Бидете искрени – носењето на овој џемпер предизвикува неудобност дури и кога под него ќе облечете памучна маичка. Тогаш зошто воопшто го чувате?!


2. Премногу тесна облека

Панталоните од средно кои би сакале повторно да ги облечете и да докажете дека сѐ уште сте витки не е само ваш сон – тоа е сон на секоја жена. Меѓутоа, доколку продолжите да собирате облека од гимназиските денови, веројатно нема да имате место за нова и модерна облека. Ако парчето не сте го облекле повеќе од година дена, тогаш веројатно и не ви треба. Подарете го некому или донирајте го во хуманитарни цели.


3. Стариот костум за на работа

Некогаш сте биле најголемата заводничка на работното место, но денес, кројот и типот одамна излегол од мода, а ткаенината се излижала од непрестајното перење  и на хемиско чистење. Така што, неговото место е во кантата за ѓубре.


4. Градници на кои им излегла жицата

Ако морате рачно да ја прилагодувате локацијата на жицата во омилениот градник, тогаш тоа е и службен доказ дека имате старо парче долна облека и дека неговиот рок на траење изминал. Наместо тоа, купете си ново парче долна облека кое ќе ви пружи совршена потпора и не морате да се грижите дека ќе се повредите.


5. Парче кое знаете дека никогаш повеќе нема да го облечете

Под силните светла во продавницата изгледавте одлично во тој елек од крзно или отмен шешир по примерот на Кејт Мидлтон, но кога стигнавте дома сфативте дека станувало збор за брзоплет шопинг. Нема смисла да ги чувате работите кои никогаш нема да ги облечете. Подобро подарете ги на пријателите или на некоја хуманитарна организација.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Комбинации на бои со кафеава кои секогаш изгледаат скапо (фото) Комбинацијата на кафеава со црна, бела или пак, сива секогаш делува раскошно и с...
Трендови кои се вистинско промашување според обичните луѓе - здолниште со 2 шлица, „мокра“ шминка Здолниште со 2 шлица, „мокра“ шминка, крокс кломпи за на улица... Некои трендови...
Шест модели на сандали што ќе доминираат ова лето – Како да ги комбинирате? Апостолки со луксузен дизајн во темни нијанси, но и „бабински“ влечки кои поради...
9 модели на костими за капење кои ќе бидат хит во лето 2026 Бикини или монокини со контрастна трака веќе гледаме насекаде, но и модели во пу...
Шест модни грешки со кои си додавате килограми (а не ни забележувате) Нагласувате погрешни делови од телото и погрешно ги комбинирате чевлите. Нагл...
Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...

Најчитани неделава