Bitsiani - Нов стилски водич за матуранти

Втора година по ред, модниот бренд Bitsiani подготви каталог со предлози за матурскиот изглед на момците. Во таканаречениот стилски водич за матуранти може да се најдат десет предлог комбинации соодветни за матурската вечер, но и за летните денови и вечери кои доаѓаат.

bitsiani-nov-stilski-vodic-za-maturanti-001.jpg

Интензивните бои, карактеристични за Bitsiani повторно се присутни кај палтата, панталоните, чевлите и додатоците. Оваа сезона особено интересна е црвената, која може да биде присутна кај едно парче или пак како целосна комбинација. За посмирен, но сепак модерен изглед тука се и светлите, нежни нијанси кои се убаво освежување во целата колекција и се лесни за комбинација на различни парчиња. Освен посвечените модели на костуми, панталони и блејзери, за матурската вечер дозволени се и за нијанса полежерни комбинации – без палто и со малку поспортски чевли.

Момците кои се облекуваат во Bitsiani знаат дека деталите се клучни за комплетен изглед, па затоа во стилскиот водич можат да добијат интересни идеи како да ги вклучат во своите комбинации на необичен и уникатен начин. Џебните марамчиња, вратоврските, чевлите, ремените во боја и нивното взаемно комбинирање во однос на боите и дезените, се секогаш добар начин да се добие разигран и младешки изглед.

И оваа година главната ролја во матурскиот водич ја има Вања Трампевски од агенцијата Подиум, додека пак за фотографија беа задолжени тандемот фотографи Ани и Дими, а за шминката се погрижи Зоран Шурбевски. Како локација за фотосесијата се јавува шармантниот простор на винаријата Камник.

Стилскиот водич за матуранти ќе биде достапен во продажните места на Bitsiani, и на уште неколку соодветни локации низ градот.

Би можело да ве интересира:

Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
Панталоните со „балон“ ногавици се меѓу најголемите (про)летни трендови – Како да ги комбинирате? (ф... Бидејќи нивниот облик е во фокус на аутфитот, треба да ги комбинирате со поеднос...
Модни лекции од Џеки Кенеди и клучни стилски парчиња – жената која не следеше трендови, туку ги созд... Покажи го малку вратот и клучната коска, со вкус. Кога се двоумите комбинирајте ...
Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...
Сатенско здолниште од ZARA во 7 бои е пролетен хит – како да го носите? (фото) Ова ZARA здолниште се продава за 1.490 денари, доаѓа во 6 бои и ќе биде пролетен...

Најчитани неделава