Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не држат топло: 6 најдобри материјали за во лето

На сите им е познато дека полиестерот е еден од најнепријатните материјали кои треба да ги избегнувате во текот на летото затоа што не „диши“ и така ја задржува топлината.

ne-drzat-toplo-6-najdobri-materijali-za-vo-leto-001.jpg

Но, дали знаете кои ткаенини не поттикнуваат потење и се идеални за лето?

1. Лен

Исклучително пријатна ткаенина која слободно може да се нарече „вентилатор“ меѓу материјалите. Го пропушта воздухот до вашето тело и така го спречува потењетo. Има само една маана – брзо и лесно се гужва, но тоа и онака не е важно во текот на летните горештини.


2. Памук

Непобедлив избор за топлите летни месеци. Еден од најпрозрачните материјали кои постојат, не задржува топлина, ја впива влагата од телото.


3. Кепер

Овој материјал најчесто се произведува од памук или негови мешавини и се смета за одлична летна замена на тексасот. Ако во текот на жештините не сакате да се откажете од носење долги пантолони, одберете модели од кепер бидејќи во нив ќе се чувствувате најпријатно.


4. Вискоза

Едно од најпопуларните синтетички влакна кое настанува од остатоци на целулозни влакна и по хемиски состав е многу слично на памукот. Токму поради тоа вискозата е прилично пријатна за носење и го лади телото.


5. Свила

Природна ткаенина која дише и позната е по тоа што се прилагодува на температурите - во лето ве лади, а во зима ве грее.


6. Шифон

Се изработува од разни мешавини, а кога е направен од памук и свила станува идеален материјал за летна облека. Најчесто се користи за изработка на фустани и блузи бидејќи е исклучително лесен и се вее.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Златко Јовановски издоминира со круна на Модната недела во Париз: „Имав 5 креации, сите со рачно вез... „Ќе ви кажам една тајна - колекцијата требаше да брои 10 креации, но времето нè ...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg