5 начини како да носите црна боја кога надвор е топло

Вообичаените модни препораки за топлите денови е да избегнувате црна боја, бидејќи привлекува топлина.

5-nacini-kako-da-nosite-crna-boja-koga-nadvor-e-toplo-01.jpg

Но, кој може да се откаже од омилената, најелегантна боја која постои?

Црната може да изгледа и тоа како летно, само ако знаете да ја носите:

1. Носете лесни, пријатни материјали

Лелеавите материјали кои не се припиени за вас ќе ја направат црната боја полесна за носење. Само помислете на чипката и црните проѕирни блузи со кои ќе изгледате секси и модерно.

2. Носете модели со храбар крој, високи шлицови и длабоко деколте

Во отворените, предизвикувачки фустани со високи шлицови и длабоки деколтеа, или откриени раменици, нема да ви биде жешко, а ќе оставите елегантен впечаток.

3. Малиот црн фустан

За него, не постои погрешно време и погрешна температура. Носете го со впечатливи и шарени додатоци за летен ефект.

4.Само едно парче во црна боја

Не мора да носите црно од глава до пети, понекогаш доволно е макси здолниште, шорц или бохо кошула. Комбинирајте со светли и пастелни тонови.

5. Бралет во црна боја

Уште еден нов тренд кој ќе го обожавате - бралет, долната облека која не смее да ја криете.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава