Козметички митови и ритуали

kozmeticki-mitovi-i-rituali-povekjeНајдрагото руменило, маскарата која ја обожавате, разна палета на сенки, цел ритуал на шминкање – девојките едноставно сакаат шминка. Но, колку...

 

...сме запознаени со целиот процес на шминкање и што правиме точно, а каде грешиме?

kozmeticki-mitovi-i-rituali

1. Ако четкичката од маскарата ја внесувате и изнесувате повеќе пати од шишенцето – полесно ќе ја нанесете на трепките. Голем мит.

Единствено што ќе постигнете е тоа што ќе внесете дополнително воздух во маскарата заради што таа побрзо ќе се исуши.

2. Нема ништо лошо во делење на козметиката со пријателките. Колку и да ви е примамливо да ги испробувате шминките на пријателките, подобро е да се воздржите од ова. Така може наједноставно да си ги пренесете бактериите и да предизвикате инфекција или алергија.

3. Најдобро место за нанесување парфем е онаму каде се чувствува пулсот. На тој начин вашиот парфем ќе трае подолго, затоа што мирисите делуваат под влијание на топлината.

4. Ускладете ја бојата на сенката со бојата на очите - на тој начин бојата на очите ќе дојде повеќе до израз. Всушност, во многу случаи, контрастот дава повеќе резултати.

За зелени очи одличен избор се виолетова, темно кафена и светло златна сенка. Сините се вклопуваат со потемни тонови и чоколадни нијанси. Кафените очи доаѓаат до израз со нежни розови тонови, кремаста и бронзена нијанса.

5. Константно носење на темен лак за нокти остава жолти флеки на ноктите. За жал – ова е вистина.  Како заштита пред да го нанесете темниот лак, ставете слој на проѕирен лак за нокти кои ќе ги заштити.

6. Шминката има рок на траење. Како и било кои други препарати и шминката има свој рок на траење. Но, често знаеме да го занемариме и да продолжиме да ја користиме и по истекувањето на рокот.

Тоа може да предизвика алергиски реакции и иритација на кожата. Маскарата и тушот за очи траат 3 месеци. Сенките и течната козметика се користат околу 6 месеци. Пудрата, моливче за очи, сјај за усни и руменило траат и до 2 години.

Би можело да ве интересира:

19 години подоцна: Светска пејачка во фустанот што Катарина Ивановска го носеше на ревија во 2006-та Во 2006-та Катарина продефилира во фустанот на Roberto Cavalli на ревија, потоа ...
Нашата Моника Коцарева одржа ревија на Модната недела во Париз - Аристократски хотел, модно усогласе... Ревијата на нашата дизајнерка Моника Коцарева се одржа во хотелот Le Marois, чиј...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Што облекоа гостите на Лазаров награди 2026 во Скопје? (фото) Дотерани, впечатливи, дел во креации од македонски модни дизајнери, се чини дека...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
Матурантка од Струмица блесна во креација од Златко Јовановски со 2.500 монисти: „Сакаше корсет како... „Фустанот беше нарачан уште во јануари. Катерина ми кажа дека отсекогаш на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg