Збогум на големите гради

zbogum-na-golemite-gradi-povekje„Plastic fantastic" полека влегува во историјата. Дури и Холивуд се помири со новите трендови и се повеќе ѕвезди одат кај пластичните хирурзи за да...

 

...се ослободат од силиконските гради.zbogum-na-golemite-gradi-1

Дизни за продолжението на “Пиратите од Карибите“ на аудицијата за главна женска улога постави услов дека актерката мора да има природни гради.

Овој имиџ започна со серијата Baywatch или Чувари на плажата која ја покажуваше магијата на силиконите.

Следуваше boom поголем од секогаш. Сите старлети се упатија кон хируршките ординации со едно мото “Колку поголеми – толку подобри!“.

И така градите стануваа големи, поголеми, огромни, а, потенцијалот за напредување во актерската кариера се намалуваше пропорционално со големината на градите.

Во последната година, во САД, бројот на зголемени гради се намали од 365 илјади – на 312 илјади, а и жените бараат се помали имплатанти. Некои велат дека ова е резултат на рецесијата (малите додатоци се и поевтини).

zbogum-na-golemite-gradi-2Некои жени вградуваат силикони за да привлечат машко внимание, но истражувањата покажуваат дека мажите најмногу сакаат девојки со средна големина на гради (ниту премали, ниту преголеми).

Некои други истражувања покажаа дека жените со големи гради се поглупави, а јавноста смета дека се “кучки, приглупи и лесни“.

Жените со преголеми гради имаат болки во грбот, потешкотии со пронаоѓање на градници и постојано водат борба со предрасудите.

Дури и Шерон Озборн, жената која е подвижна реклама за пластичната хирургија неодамна изјави: “Барем никогаш да не ги зголемев. Тоа е како да имате воден кревет на себе. Ги мразам. Штом ги извадам, ќе ги продадам на eBay.

Екстремно големите гради повеќе не се посакувани ни во модниот свет – Викторија Бекам својата дупла D големина ја намали на пристојна B.

Се помалку млади девојки сакаат силикони. Факт е дека ако сте незадоволни о своите мали гради, зголемување за број или два може да направи чуда за вашата самодоверба.

Градите, како еден од најженствените и најзаводливите делови од телото на жената, даваат доза на сексипил, но не се нужни.

Градите, на крајот на краиштата, се само збир на масти и жлезди, и навистина нема да ве направат ниту попаметни, ниту поглупави.

zbogum-na-golemite-gradi-3

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...
Марјана Станојковска во „гол“ фустан, Агнеса во впечатливи сандали - Што облекоа гостите на Influenc... Забавата беше замислена како вечер под маски, па гостите својот стајлинг го комб...
12 зимски комбинации од македонска модна инфлуенсерка (со кои ќе оставите впечаток) Од црвени ракавици до вратоврски со впечатлив дезен, Даниела Ѓуровска знае како ...
Како се облекоа најубавите дами на забавата по Victoria’s Secret шоуто – голотија и долна облека нас... Проѕирни фустани низ кои ѕирка долната облека, мини шорцеви, високи секси чорапи...
Работи што не треба да ги фрлате од гардероберот (дури и ако одамна не сте ги носеле) Модата се враќа, па ако некои парчиња облека сега ви делуваат застарено, најверо...
8 модни парчиња за тренди есенски комбинации Краток мантил наместо долг, кошула на риги, но и бермуди во комбинација со хулах...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg