Чевлите влијаат на изгледот на задникот: Што му прават патиките, а што штиклите?

Обувките влијаат на изгледот на задникот: како изгледа тој со штикли, патики и обувки на платформа?

cevlite-vlijaat-na-izgledot-na-zadnikot-sto-mu-pravat-patikite-a-sto-stiklite-001.jpg

Општо познато правило е дека обувките кои ги носиме имаат големо влијание на држењето и изгледот на телото, а особено на задникот.

Постои огромна разлика во вашиот изглед ако носите патики и штикли.

Секоја обувка на различен начин го истакнува телото, а ако сакате тоа да биде задникот еве што треба а што не треба да носите.

Патики

Со патики задникот ни изгледа поголем, бидејќи тие ни овозможуваат да одиме без ограничувања и даваат целосна потпора на држењето. Од друга страна пак, задникот изгледа и посплескан.

Рамни обувки

Секоја жена кога избира удобни чевли секогаш ќе посегне по нешто со рамен ѓон. Задникот е составен од три мускули кои доколку не ги стегате истовремено тој ќе изгледа „повиснато“. Исто така рамните чевли ќе го нагласат секој естетски недостаток на вашите нозе како на пример рамните стапала или разликата во должина меѓу нив.

Блок штикли (чевли со дебела штикла)

Ваквите штикли нудат поголема стабилност заради подебелата пета која дозволува подобро распоредување на тежината. Меѓутоа, удобното стоење прави вашиот задник да изгледа рамно.

Ниски штикли (2,5 – 5 cm)

Ова е најудобната верзија на штикли и краткорочно ќе направи вашиот задник да изгледа подигнат и поцврст. Меѓутоа многу жени не ја сакаат ова висина бидејќи ја сметаат за прениска. Сепак, при подолго стоење за телото да може да ја одржи потребната рамнотежа го турка вашиот задник наназад а карлицата нанапред, што најчесто резултира со болка во долниот дел од грбот.

Средни штикли (5 – 10 cm)

Оваа висина на штикли прави задникот да изгледа како совршена праска – нозете изгледаат подолги а задникот подигнат и заоблен. Меѓутоа долгото носење на вакви штикли може да доведе до лош баланс на телото и искривување на половината.

Штикли на платформа

Ваквите обувки го ограничуваат движењето заради што телото изгледа згрчено и круто. Бидејќи телото се обидува да одржува баланс преку колковите, струкот изгледа многу помалку дефиниран.

Високи штикли (повеќе од 10 cm)

Со оваа висина на штикли буквално стоите на врвовите на прстите и задникот изгледа помал. Бидејќи телото е целосно наведнато нанапред, може да дојде до искривување на половината и болки во грбот. Иако задникот ќе ви изгледа мал и подигнат, секој чекор ќе биде нова напор и агонија.

Платформа

Ваквите чевли го подигнуваат задникот, но и визуелно ги скратуваат нозете. Како што е случај со сите обувки на штикла, флексибилноста на стапалата е значително намалена. Целото тело е наведнато нанапред и заради тоа колената се под притисок. Како резултат на ова може да се појават болки во грбот, па дури и рамената.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Премногу класични детали наеднаш и уште 6 модни навики кои ви додаваат години на изгледот Носењето високи чорапи со патики дава малку ретро изглед. Помладешки е патиките ...
Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...
Сара Џесика Паркер со „распар“ чевли, Ел Фанинг во апостолки на црвен тепих - Новиот моден тренд со ... Идејата е да облечете чевли што воопшто не би ги носеле со аутфитот што сте го и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg