Какви тексас јакни ќе се носат оваа пролет?

Пролетта е вистинско време да се збогуваме со дебелите капути, а одново да ги поздравиме нашите омилени јакни од тексас.

koi-teksas-jakni-kje-se-nosat-ovaa-prolet-1_copy.jpg

Тексас јакните никогаш не излегуваат од мода. Тајната на нивната долговечност е во практичноста, удобноста и можноста да ги комбинирате со буквално сè што ќе посакате. Лесно се вклопуваат во сечиј на облекување, а и погодни се за секакви прилики .

Доколку сакате да бидете елегантни, можете да ја искомбинирате со фустан или здолниште, а ако преферирате полежерна дневна варијанта, тогаш тексас јакната идеално се сложува со црни панталони, фармерки или тексас шорц.

Оваа сезона, тексас јакните ќе се носат во комбинација со различни слоеви облека, па така, кусите јакни ќе одат во тандем со подолги дуксери, а миди здолништата со подолги јакни, кои само за малку не го достигнуваат работ на здолништето.

Ја погледнавме понудата на популарните брендови, но предлозите на познатите модни блогерки, издвојувајќи ги моделите кои ќе бидат најмодерни во текот на престојната пролет.

Погледнете ги фотографиите и пронајдете го омиленото парче:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
4 тексас парчиња кои ќе бидат тренд во лето 2026 (и во кои ќе ги „преживеете“ жештините) Ако сте од оние кои не се откажуваат од тексас дури ни во лето, овие модели се з...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...

Најчитани неделава