Пролетен шик тренд: Чевли со цветови

Веќе неколку сезони, цветните дезени им се омилени на светските дизајнери, но и на сите вљубенички во женствениот и романтичен стил на облекување.

proleten-shik-trend-chevli-so-cvetovi-1.jpg

Оваа пролет, цветовите ќе „цутат“ буквално на секое модно парче. Прекрасните флорални принтови ќе може да ги најдеме на фустаните, здолништата, панталоните, чантите, и секако, на обувките.

Чевлите не само што нема да бидат исклучок во текот на топлата сезона, туку и највпечатлив моден додаток со цветна нота. Омилените мокасини, чизмички до глужд и елегатните чевли со ниска потпетица, во сончевите месеци ќе бидат шарени, со впечатливи дезени и бои.

Цветните чевли се доволно импресивни за да и наједноставната, минималистичка комбинација на облека ја направат посебна. За таа цел, ви ги издвојуваме најмодерните модели на чевли со цветови, како и неколку неодоливи начини на кои модните блогерки ги вклопуваат во својот шик изглед.

Погледнете ги нашите предлози во галеријата и инспирирајте се:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Шик есенски аутфити ако немате идеја како да се облечете во преодниот период (фото) Кафеави и сиви тонови, слоевито облекување, долги блејзери врз широки панталони ...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава