Бродски чевли Timberland - класика во модерен облик

Еден од најрафинираните модели на Timberland – бродските чевли стануваат синоним за класичен дизајн со врвен квалитет. Овој модел чевли ги сплотува функционалноста, безвременоста и софистицираноста во обувки кои лесно се носат и комбинираат. За пролет/лето 2017 класиката е дополнета со модерна технологија со имплементирање на Sensorflex системот.

brodski-cevli-timberland-klasika-vo-moderen-oblik-6.jpg

Оваа техонологија постои од 2014 година е и создадена како одговор на предизвиците и темпото на модерното време. Направен од три делови, Sensorflex системот лесно се адаптира на различна подлога и се приспособува на движењето на оној што ги носи во текот на целиот ден. Цврстиот дел го поддржува и стабилизира стопалото, средниот слој служи како амортизер за нерамен терен, додека пак таканаречениот динамичен слој на ѓонот овозможува максимална флексибилност.

brodski-cevli-timberland-klasika-vo-moderen-oblik-2.jpg

Бродските чевли со Sensorflex технологија доаѓаат во машки и женски модел – Tidelands и Lakeville. Тidelands се секојдневни, удобни обувки со современ финиш, рачно шиено спојување на деловите, квалитетна кожа и издржливи врвки. Палетата на бои се движи од темно сина, преку кафена до впечатлива црвена или пак елегантна сива. 

brodski-cevli-timberland-klasika-vo-moderen-oblik-3.jpg

Женскиот Lakeville модел може да се најде во летни бои како пастелни црвени и зелени тонови, но и традиционалните темно сини и кафени. Колекцијата е изработена од мека кожа, а присутна и е верзијата од превртена кожа со премиум квалитет. Деталите се една од најважните карактеристики на Timberland, па така Lakeville моделот е дополнет со OrthoLite влошка за целодневна удобност, врвки кои се прилагодуваат и издржлив, водоотпорен горен дел кај моделите од превртена кожа.

brodski-cevli-timberland-klasika-vo-moderen-oblik-1.jpg

brodski-cevli-timberland-klasika-vo-moderen-oblik-4.jpg

Со својата безвремена силуета, автентични и практични, бродските чевли остануваат класика која ги надминува трендовите и се враќа во обновена варијанта сезона по сезона, благодарение на својата верна публика.

brodski-cevli-timberland-klasika-vo-moderen-oblik-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...

Најчитани неделава