Карираните обувки се „ин“ – Кои се најактуелните модели за лето?

За сончевите и топли денови, може да си одберете салонки со кариран дезен, сандали со подебела потпетица или неодоливи папучи кои се идеални за лежерен стил на облекување.

kariranite-obuvki-se-in-koi-se-najaktuelnite-modeli-za-leto-1.jpg

Ситното каро, односно „гингам“ принтот, претставува еден од најголемите трендови оваа сезона, а особено добро изгледа на чевлите, сандалите и папучите. Всушност, карираните чевли се вистински моден хит на пролетта и летото.

На карираниот дезен не му одолеаа повеќето светски модни куќи, а ни брендовите за висока улична мода. Оваа сезона, на полиците за чевли во познатите бутици за облека и аксесоари, ве очекува голем избор на обувки со впечатливиот ретро принт, со призвук на 50-тите години од минатиот век.

Модната куќа Miu Miu, прва ги претстави балетанките со карирана лента, а потоа и чевлите со кариран дезен во сина и циклама боја, кои веднаш ги воодушевија трендсетерките и модните блогерки ширум светот.

Набргу потоа, со карирани модели се претставија и Altuzarra, Alexandre Birman, J.Crew, Marques'Almeida и бројни други дизајнерски куќи.

Зад нив, не заостануваат ниту познатите брендови за висока улична мода, па одлични чевли со кариран дезен ќе пронајдете и во Pull&Bear, Zara и Stradivarius.

Како инспирација, ви ги издвоиме најактуелните модели од понудата на споменатите брендови, за тековната пролет и летото кое ни претстои.

Погледнете ги во галеријата, изберете го омилениот пар и смело зачекорете по градскиот асфалт:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава