Еспадрили-патики: Совршен спој за летото (фото)

Удобните летни обувки се вистински хит на социјалните мрежи, а достапни се како во оригинална дизајнерска верзија, така и како верни копии, по пристапни цени.

espadrili-patiki-sovrshen-spoj-za-letoto-foto-1.jpg

Летото е во полн ек, а трендот што посебно ги воодушеви модните блогерки и трендсетерките оваа сезона е неодоливиот спој на еспадрили и патики.

Го отпочна шпанскиот бренд Manebi, кој е специјализиран за изработка на обувки за одмор, а чии еспадрили-патики веќе ги преплавија социјалните мрежи.

Ѓонот од коноп и платното во пастелни бои, очигледно се добитна комбинација за сите дами кои ни преку летотото не сакаат да се откажат од омилените обувки.

На официјалната страница на брендот стои дека најпосакувани се оние во розова боја, додека на Инстаграм најчесто ќе наидете на сивиот модел.

Во секој случај, сите се продаваат со „брзина на светлината“, па доколку сакате и вие да го поминете летото во хит патиките со бои на бонбони, тогаш најдобро е да си ги нарачате што поскоро.

espadrili-patiki-sovrshen-spoj-za-letoto-foto-2.jpg

Оригиналните еспадрили-патики чинат 110 долари, а во понудата на Manebi се и бројни други модели на еспадрили.

espadrili-patiki-sovrshen-spoj-za-letoto-foto-3.jpg

Доколку, пак, ви се допаѓа само идејата за патики со ѓон од коноп, а не ви е важна нивната марка, тогаш слични можете да пронајдете и по многу поповолни цени, а ги продаваат популарните брендови за висока улична мода, како Zara или Bershka.

espadrili-patiki-sovrshen-spoj-za-letoto-foto-4.jpg

Ќе ги носиме ова лето, нели? Во продолжение, ве инспирираме со изобилство од идеи и модни предлози кои ги пронајдовме на Инстаграм:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...

Најчитани неделава