7 изуми од минатото кои засекогаш оставија печат во светот на модата

Модата е непостојана и тоа ни е на сите јасно со оглед на промените на трендовите. Тоа отсекогаш било така и ќе остане.

7-izumi-od-minatoto-koi-zasekogash-ostavija-pechat-vo-svetot-na-modata-01.jpg

Но, сепак постојат некои работи кои никогаш нема да престанат да се носат и кои засекогаш ја обележаа модата.

Дознајте нешто повеќе за историјата на култните модни парчиња кои засегаш ќе „живеат“:

Фармерки

Во 17-ти век италијанскиот град Џенова извезувал папирус текстил, што подоцна бил наречен „gênes “. Во 1873-та, претприемачот Ливај Штраус си обезбедеил патент и ги создал познатите сини фармерки.

Во тој период биле дизајнирани како работничка облека за мажи. Оттогаш фармерките се омилена облека за мажи и жени насекаде низ светот. Неговата компанија сѐ уште функционира и е позната по брендот Levi’s.

Штикли

Тешко е да се поерува дека сѐ до 17-ти век, штиклите биле носени од мажи. Во средновековна Европа, дрвените кломпи биле популарни бидејќи такви чевли можеле да поднесат нечистотија.

Во 16-ти век, чизмите со штикла биле удобни чевли посебно за јавачите на коњ, за да не им се лизга стапалото при потскокнување. Стилските чевли со тенка штикла се појавиле дури во 20-тиот век и сега тие се неопходни речиси за секоја жена.

Бикини

Во Париз, во 1946-та година, манекенка прошетала по пистата во дводелен костим за капење и предизвикала контроверзија со провокативните бикини. Во тоа време, таквата откриена облека ја поврзувало жената со промискуитет.

Неколку години подоцна, овој костим за капење престана да ја шокира публиката, веднаш штом Брижит Бардо и Мерилин Монро го додадоа во својот гардеробер.

Црн фустан

Приказната за малиот црн фустан на Chanel има многу легенди. Некои велат дека таа не можела да поднете пуфкасти шик фустани и била инспирирана да создаде легендарен фустан за да измисли нов елегантен изглед.

Други велат, дека Шанел дошла до идеата во 1926-та во чест на нејзиниот болен сопруг.

Како и да е, нејзината креација предизвика сензација во светот на модата и до ден денес, црниот фустан се смета за атрибут на беспрекорен вкус и елеганција.

7-izumi-od-minatoto-koi-zasekogash-ostavija-pechat-vo-svetot-na-modata-02.jpg

Хулахопки

Пред 20-тиот век, модерните жени немале многу избор – хулахопките биле или волнени и предизвикувале чешање, или биле свилени и не траеле долго. Така било до 1935-та, кога американски хемичар го претстави најлонот и за многу кратко временајлонските хулахопки станаа вистински хит помеѓу жените, а тоа трае до ден денес.

Кожна јакна

Овие јакни биле измислени во САД за време на Првата Светска војна посебно за пилотите, бидејќи ги штитела од ладното време, а им била удобна за носење.

Во 1928-ма година , компанијата Schott го доразвил дизајнот на кожната јакна со патент, што подоцна станала позната како моторџиска јакна. Секако, кожните јакни станаа популарни кога првпат беа видени на Елвис Присли и Марлон Брандо.

Градници

Градникот бил „измислуван“ повеќепати и секој пат поминувал низ низа промени. Градникот со обликот кој денес го знаеме е направен во 20-иот век. Првите градници биле направени од брендот Caresse Crosby и на почетокот не предизвикале голема фама, бидејќи жените биле начени на корсети.

Но, со тек на време, градникот се здобил со популарност и различни брендови почнале да произведуваат повеќе типови, обидувајќи се да ги вклопат функционалн оста и убавината во едно парче долна облека.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...

Најчитани неделава