Тренд што трае: Кимоната се хит и за есен

Со нив ја започнавме пролетта, во нив го поминавме летото, но по сѐ изгледа, тие нема да си заминат ниту во есенската сезона.

trend-shto-trae-kimonata-se-hit-i-za-esen-1.jpg

Во последните неколку месеци, кимоната ја покажаа својата сестраност, па не е чудно што се најдоа во мноштво гардеробери.  Претставуваат модни парчиња со кои секогаш ќе се издвоите од толпата, а истовремено можат да бидат и мошне практични.

На пoчекот од пролетта, ви претставивме кимоно наметки за шик дневен изглед, додека во екот на летото, пак, добитна модна комбинација со фармерки и шарено кимоно. А, што нè очекува во претстојната сезона?

Во слоевитите есенски комбинации, кимоното ќе се носи и над фустан или здолниште. Воедно, тоа пристигнува и во некои нови форми – како комбинезон или блуза, чии краеви ќе може да ги заврзете во јазол или машна. Секако, ќе го зачини вашиот изглед, дури и ако го носите само со обични фармерки и маичка, правејќи ја многу поефектна таквата комбинација. Не плашете се да експериментирате.

Дека кимоната дефинитивно остануваат присутни на модната сцена и во есен 2017, говори и големиот број на нови модели, кои веќе се најдоа во колекциите на брендовите за претстојните денови. Ги има во понудата на H&M, Zara, Bershka, Pull & Bear, Topshop, Mango...

А, најдобрите нови модели за својата гардероба, може да ги изберете од галеријата во продолжение:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава