Црвените чевли низ историјата: Денес тие испраќаат помоќна порака од кога било

Во 1939 година, Дороти тропкаше со своите црвени чевлички велејќи „не постои место како дома“, а оттогаш многу генерации на жени израснаа знаејќи ја моќта на црвените чевли.

crvenite chevli niz istorijata denes tie isprakjaat poraka pomokjna od koga bilo 01

Но покрај филмот „Тhe Wizard of Oz“, кај жените што носат црвени чевли, нешто автоматски испраќа порака за моќ и независност до светот.

И во историјата црвените чевли биле главно обележје на храбри индивидуи. Во 1701 Кралот Луи XIV позирал за кралскиот портрет во црвени чевли со потпетица.

Во тоа време било навистина тешко и скапо да се дојде до нив, па всушност требало да бидеш крал за да можеш да си ги дозволиш или барем Папа, кои исто така носеле црвени кожени чевли од 1484 сè додека Папата Францис не ги заменил со покомфорни кафени ортопедски чевли.

Технички во минатото црвените чевли биле симбол за мажи со моќни позиции, па кога една жена се обидувала да присвои традиционално машки симбол за моќ била оценувана како непристојна.

Потоа со текот на времето чевлите полека стануваат симбол за ослободувањето на желбите на жените и тие започнуваат сѐ почесто да ги носат.

Црвената боја ја поврзуваме со страста, со крвта. Таа е импулсивна, експлозивна, храбра, па не е ниту чудно што доминира на толку многу есенски ревии.

Дизајнерите знаат дека ние се облекуваме како реакција на надворешниот свет и со оглед на зголемената нестабилност во политичката и економската сфера во светот, очигледно е дека му пристапуваме на облекувањето наутро како на ставање на штит.

crvenite-chevli-niz-istorijata-denes-tie-isprakjaat-poraka-pomokjna-od-koga-bilo-03.jpg

Црвената значи отпор. Сега носењето на црвени чевли, особено црвени чизми, е еквивалент за врескање „Јас сум жена, слушнете го моето ‘ржење“.

Можеби моделите што ни ги прикажаа на модните ревии Givenchy, Giambattista Valli или Oscar de la Renta, не се најпрактични за секој ден, но дефинитивно зрачат со енергија каква што може само пар огнено црвени чизми да обезбеди.

Кога изгледа дека светот го гаси вашиот оган, тогаш протестирајте со облекување пар црвени чевли и газете напред самоуверено и цврсто.

Следете го вашиот пат до местото каде ќе се чувствувате како дома.

crvenite-chevli-niz-istorijata-denes-tie-isprakjaat-poraka-pomokjna-od-koga-bilo-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава