Не наседнувајте на очигледните трендови: 10 правила на модерните жени

Жените сакаат да ги следат трендовите, да бидат секогаш средени и да изгледаат беспрекорно.

ne-nasednuvajte-na-ochiglednite-trendovi-10-pravila-na-modernite-zheni-01.jpg

Модерните жени секогаш се разликуваат по својот стил и сакаат да бидат уникатни. А, облеката секогаш совршено им одговара на нивната фигура.

Ретко кога излегуваат од дома без да се погрижат за себеси и да бидат средени и обрнуваат внимание на секој детаљ.

А сега, правилата според кои се водат модерните жени се откриени и ако ги следите, ќе успеете да изгледате совршено.

Дознајте кои се тие и почнете да ги практикувате:

1. Не наседнувајте на очигледните трендови

Додека повеќето едвај чекаат да го купат едното исто парче облека кое е модерно во тековната сезона, жените со стил не сакаат да бидат толку некреативни. Тие не ги носат најпопуларните модни парчиња и не изгледаат како да се во истата униформа со цел свет.

2. Опседнати се со кошули

Кошулите можеби до неодамна се поврзуваа само со формални ситуации, но жените со стил знаат дека тоа е парче облека кое мора да се поседува. Може да се носи во лежерно издание на плажа, на деловен состанок или на кафе со пријателките.

3. Квалитет, а не квантитет

Тие немаат плакари кои се претрупани со облека. Тие немаат потреба да купат сѐ што е на попуст само затоа што е евтино. Овие жени практикуваат да купуваат квалитетна облека која ќе има намена.

4. Сакаат чевли повеќе од чанти

Повеќе време посветуваат на тоа што го носат на нозе отколку на тоа што им виси на рака. Кога ги имаат вистинските чевли, другиот дел од комбинацијата полесно се состава. Преку ден практикуваат ниски и едноставни чевли, а навечер одбираат повпечатливи модели.

5. Не го менуваат мислењето

Не се заљубуваат во брендови, туку во дизајнерите кои стојат зад нив и ја следат нивната работа.

6. Имаат елек во морнарско сина боја за секоја ситуација

Кога не знаат што да облечат, тие облекуваат ваков елек врз кошула и за дневни и за вечерни лежерни пригоди.

7. Не носат евтин накит

Исто како со облеката, така и за накитот важи правилото – квалитет пред квантитет. Подобро ќе потрошат пари на 2-3 квалитетни, но поскапи парчиња накит и избегнуваат големи и нападни ланчиња.

8. Внимаваат на кожата и не ставаат пренагласена шминка

На прв поглед, може и да помислите дека воопшто немаат шминка, но всушност ставаат едноставна шминка за природен изглед – тенка линија молив за очи и професионално нанесена маскара на трепките. Златно правило за убавина за нив е здрава и убава кожа.

9. Нивната долна облека е функционална

Жените со стил не се мачат да носат танга гаќички преку ден и скапа долна облека која секако никој нема да ја види. Истото важи и за push-up градници. Бираат едноставен градник со боја на кожа кој не се гледа низ облеката.

10. Не прават големи промени во изгледот

Како и сите љубители на модата, и тие се возбудени на секоја нова сезона, но тоа не значи дека веднаш ќе го испразнат плакарот и ќе ја фрлат облеката од претходната сезона за да купат сѐ што е во тренд сега. Ги пробуваат и практикуваат само оние трендови кои им одговараат на стилот, а другите ги игнорираат.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава