Како да бидеш софистициран, модерен маж?

„Возрасен си, не си веќе мало дете кое нема поим како да се облекува или однесува“. Веројатно многу пати сте ја слушнале оваа реченица од својата мајка, девојка или некој пријател/ка.

10-stilski-soveti-za-sofisticirani-moderni-mazi-01.jpg

Вистината е дека сите сакаме и се трудиме да изгледаме најдобро што можеме. А тоа никогаш не поминува незабележано од страна на околината.

Секој маж кој се труди да изгледа беспрекорно и софистицирано треба да ги почитува следните 10 стилски совети за совршен изглед:

Не дозволувајте да ви се намокри костумот

Дури и најскапите дизајнери користат ткаенини коишто се помешани со повеќе видови материјали со цел да му дадат подобра структура на сакото. Кога тоа ќе се наводени, ќе се истутка и ќе ја изгуби својата форма.

Ниту едно хемиско чистење ниту пеглање со силна пареа ќе ја поправат ситуацијата, па немојте да ризикувате и секогаш носете си чадор во случај на силен дожд.

Манжетните на кошулата треба да одговараат со часовникот којшто го носите

На пример, златни манжетни со часовник во златна боја, сребрени со сребрени, итн.

Јаката на кошулата треба да се согласува со обликот на вашето лице

Доколку имате овално лице, одберете поостра јака. Мажите пак со потесна вилица треба да одберат кошула со поширока јака.

Долниот дел од вратоврската треба лесно да го допира почетокот на пантолоните

Секако, треба да внимавате и на панталоните бидејќи тие треба да ја следат линијата веднаш над почетокот на колкот, односно над

Доколку не можете без долна маица, секогаш одберете во сива боја

За разлика од белите долни маици кои лесно се проѕираат низ кошулите во боја, светлосивите маици ја апсорбираат светлината и допринесуваат да изгледате исполирано и префинето.

Доколку планирате да ја носите кошулата откопчана, соодветно одберете долна маица со V израз.

Кога купувате фармерки, секогаш кажете им НЕ на црниот тексас, еластичниот „стреч“ тексас и светкавите камчиња како додатоци.

Чорапите треба да се складни со бојата на панталоните, не да одговараат со бојата чевлите.

Секогаш купувајте чевли по 14 часот.

После пладне вашите стапала се веќе максимум подуени, па така ќе се спасите од нови чевли кои премногу ве стегаат.

Потрудете се да имате совршено врзана вратоврска

Доколку не знаете да ја врзете сами, побарајте помош. Нека ви бидат подготвени во плакарот за секоја пригода.

Секогаш вадете ги очилата за сонце кога зборувате или се поздравувате со некого кој не носи очила. Тоа едноставно е учтиво и манир кој зборува прилично многу за еден човек.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...

Најчитани неделава