Модната комбинација која Ана Винтур никогаш не ја одобрува

Ана Винтур е една од највлијателните жени во светот на модата и нејзе ѝ се припишуваат многу заслуги.

koja-e-modnata-kombinacija-koja-anna-wintour-ne-ja-odobruva-01.jpg

Уредничката на модната библија, магазинот Vogue, не се плаши да ги сподели своите ставови за модата, а нејзиното мислење е особено ценето кај сите модно освестени личности.

Нејзиниот најважен совет гласи:

„Изградете си сопствен стил. Нека биде уникатен, но гледајте да можат и другите да се идентификуваат со вас. Немојте слепо да ги следите трендовите. Треба да ги почитувате модните правила, но имајте секогаш сопствен стил. Најлошото нешто што можете да го направите е да се чувствувате неудобно во облеката што ја носите“.  

Ана Винтур е препознатлива по елегантните парчиња облека со цветни мотиви, боб фризурата која ја носи со години, очилата за сонце како задолжителен моден додаток и чевлите Manolo Blahnik на кои им е верна повеќе од 20 години.

koja-e-modnata-kombinacija-koja-anna-wintour-ne-ja-odobruva-02.jpg

Но, има една модна комбинација која Ана Винтур не им ја простува ни на најголемите трендсетерки.

Станува збор за целосно црн аутфит, од глава до пети. Овој класичен изглед, омилен на многу славни дами, не ѝ се допаѓа на кралицата на модата која има изјавено дека никогаш не би се облекла целата во црно.

koja-e-modnata-kombinacija-koja-anna-wintour-ne-ja-odobruva-03.jpg

Ана препорачува кога носите црна комбинација, да додадете живост со некоја впечатлива боја, како на пример жолта, црвена или зелена.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава