Еколошки фустани на ѕвездите изработени од рециклирани материјали
Многу од ѕвездите решаваат својата еколошка свест да ја покажат преку модните избори кои ги носат на важни настани и црвени теписи.

Во последниве години многу од ѕвездите одбираат креации од рециклирани материјали, а ова се едни од највпечатливите:
Мејси Вилијамс носеше фустан од рециклиран стрип со колан изработен од книга „Игра на тронови“.

Амбер Валета на Мет Гала 2016-та се појави во елегантен фустан од рециклирани јажиња.

Келан Луц на црвен тепих се појави во одело направено од рециклирани пластични шишиња.

Наоми Харис носеше фустан од рециклирани парчиња стакло и обвивки од бонбони.

Аманда Сејфрид носеше чипкан фустан изработен од мрежи за ловење и останато ѓубре извлечено од мориња и океани.

На Оскарите, Лили Кол се појави во сребрен фустан од рециклирана пластика.

Фустанот на Мишел Монаган некогаш бил само еден куп алуминиумски конзерви.

Златниот фустан на Мерил Стрип за Оскари бил изработен од стари пластични шишиња и ќеси.

Руни Мара носеше фустан изработен од стари, рециклирани парчиња облека.

Ема Вотсон во фустан на Calvin Klein изработен од пластични шишиња.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026
Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026
Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона
Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе...
„Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото)
Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè)
Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој.
...