Цветна приказна на Каролина Гочева и брендот Max&Co
Каролина Гочева ја продолжува соработката со групацијата Магнетик за брендот Max&Co.

Бренд од италијанската групација Max Mara кој се издвојува по нивната специфичност и уникатност како во материјалите, така и во кроевите. Парчиња кои ги диктираат модните трендови.
Првата комбинација претставува вистинско освежување и романтика. Лежерни, удобни и лесни парчиња. Комбинација која истовремено буди чувства на леснотија и носталгија. Црвените кожни чизми се парчето кое не се повторува.
Погледнете го првиот дел од сетот фотографии за брендот Max&Co, потпишани од Лилика Стрезоска.

Max&Co за жената која е секогаш насмеана.

Max&Co за жената/девојката која е вљубена во природата.

Max&Co за жената/девојката која ужива во лежерен и уникатен изглед.

Max&Co за сите убави моменти во животот.
За оваа фотосесија Магнетик соработува повторно со:
ФОТОГРАФИЈА // Лилика Стрезоска
ШМИНКА // Игор Марков
ФРИЗУРА // Џеси Костиќ