11 причини зошто жените што носат црно се „опасни“

Не им е грижа што мислите за нив, магични се и самоуверени и веруваат во дела, а не во зборови.

11-prichini-zoshto-zenite-shto-nosat-crno-se-opasni-01.jpg

Носењето на црно е повеќе од само едноставен моден избор. Жените кои често носат црно се истакнуваат и по својот карактер.

Тие се искрени, амбициозни и не се извинуваат за постапките што ги прават.

Причини зошто жените што носат црно се „опасни“:

1. Жените што носат црно водат живот исполнет со најубави бои. Амбициозни се, балансирани и секогаш го пронаоѓаат излезот од хаосот.

2. Едноставни се, но самоуверени и атрактивни. Дури и истражувањата покажуваат дека околината ги перципира како такви.

3. Се водат од мотото „мини незабележано, но остави впечаток“ и тоа го прават со помош на својата ментална сила.

4. Имаат контрола врз својот живот и мразат да се жалат.

11-prichini-zoshto-zenite-shto-nosat-crno-se-opasni-03.jpg

5. Повеќе се грижат да бидат тоа што се, отколку да следат наметнати модни трендови. Никогаш не ја следат толпата по секоја цена.

6. Длабоко размислуваат и имаат моќ да гледаат што се крие во луѓето. Поради едноставноста што ја практикуваат во животот имаат време за позначајните работи.

7. Отворени се и ако ги прашате за мислење ќе ви ја кажат вистината.

8. Префинети се и заплашувачки едновремено и кога ќе ги видите веднаш знаете дека со нив тешко се излегува на крај.

11-prichini-zoshto-zenite-shto-nosat-crno-se-opasni-02.jpg

9. Не се плашат да прават промени во животот, без разлика дали тоа е работа, партнер, место на живеење или пријатели.

10. Не им е грижа дали ви се допаѓаат. Остануваат тоа што се во секоја пригода и не се трудат да ви се умилкуваат.

11. Повеќе се грижат за делата, отколку за зборовите. Мразат лажни ветувања и не трошат енергија на празни муабети.

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките? Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на...

Најчитани неделава