Самo недела дена е во продажба: Zara фустанот што никого не оставa рамнодушен (фото)

Ако будно ги следите социјалните мрежи, сигурно забележавте дека едно модно парче им е нов фаворит на познатите модни блогерки, трендсетерки и фешнистки. Шпанскиот бренд го претстави неодамна, а веќе се создаде фама низ целиот свет.

samo-nedela-dena-e-vo-prodazhba-zara-fustanot-shto-nikogo-ne-ostavi-ramnodushen-foto-1.png

Модната куќа Zara претстави дел од колекцијата за есен-зима пред една седмица, и се чини дека го има потенцијалниот хит на сезоната.  Во понудата на брендот за висока улична мода се најде и необичниот кафеав мини-фустан со пуфкасти ракави, кој за рекордно време ги освои срцата на трендсетерките.

samo-nedela-dena-e-vo-prodazhba-zara-fustanot-shto-nikogo-ne-ostavi-ramnodushen-foto-2.jpeg

Моделот со тренди чоколадна нијанса недоливо потсетува на нешто кое го имате носено на себе, евоцирајќи спомени на модата од ’90-тите. Очекувано или не, попопуларните фешнистки први го купија, па го вклопија во своите стилски комбинации, фалејќи се со фотките што ги направија за на Инстаграм.

Коментарите се поделени. Додека едни го обожаваат, има и такви на кои ни малку не им се допаѓа. Сепак, факт е дека никого не го остави рамнодушен. Само неколку дена по пуштањето во продажба, веќе постои невиден интерес за ова есенско парче од Zara.

Од махагони до бакарни, кафените нијанси се клучни бои за претстојната сезона. Мини фустаните, пак, се очекува да доживеат вистинско враќање на модната сцена во септември.

Неговата цена изнесува 3.990 денари. Како вам ви изгледа најактуелниот фустан во моментот?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...

Најчитани неделава