Грешки кои ги правите со чевлите заради што имате болки во стапалата
Многумина знаат да прават грешки при изборот на чевли само за да изгледаат добро, но не размислуваат на последиците.

Чевлите треба добро да ви одговараат на големината на стапалото, да имаат добра и удобна поддршка и да не се износени.
Колку и да ви е омилен некој пар, доколку сте претерале со негово носење, време е да се одвоите и да му најдете замена.
Болките во стапалата може да се појават од неколку различни причини, а за да ги избегнете, проверете дали и вие ги правите овие грешки:
Не ги менувате чевлите кои имаат износени и вдлапнати пети, ниту пак додавате специјални перничиња

Не ги менувате патиките за трчање и пешачење и влошката станува износена и недоволно потпорна

Ги гмечите прстите во чевли со тенок шпиц

Купувате чевли онлајн без да го пробате моделот, а потоа ги носите бидејќи веќе сте дале пари, иако не ви одговараат

Кога купувате чевли, пробувате наутро, а всушност треба подоцна во текот на денот за да го земете предвид заморот или отоците

Многу брзо ги пробувате чевлите и не ги разгазувате за да видите дали ви е удобно газењето и одењето

Не носите ханзапласт превентивно кога првпат облекувате нови чевли

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години
Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Шест модни грешки со кои си додавате килограми (а не ни забележувате)
Нагласувате погрешни делови од телото и погрешно ги комбинирате чевлите.
Нагл...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото)
Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Зебра принтот е новиот фаворит на инфлуенсерките – како да го вметнете во зимските комбинации? (фото...
Изгледа впечатливо, но не е премногу нападен, па тешко е да направите грешка и д...