Убиствени штикли од Нина Ричи

ubistveni-stikli-od-nina-rici-povekjeШтикливе изгледаат фантастично, се додека седиме. Колку и да се убави моделите, ако се многу високи се вистинско мачно задоволство. Но, сепак, жените...

 

...ги следат трендовите на „убиствените штикли“, а дизајнерите само додаваат сантиметри на петиците.

Колку високо можеме да одиме?

ubistveni-stikli-od-nina-rici

Сè започнало невино. Пред околу 10 години се носеа чевли на потпетица која ретко преминувала елегантни 8 сантиметри.

Ги носеа девојките во „Сексот и градот“ во дневни комбинации, а ни открија и дека одлично прилегаат за коктел забавите. Со тек на време практичноста и удобноста ја загубија битката од секси изгледот.

Дизајнерите почнаа да експериментираат. Лубутин ги зголеми своите штикли на 12cm. Кратко после тоа додаде уште 2cm. А, како и секогаш, и останатите дизајнери започнаа да го средат овој тренд.

Од тогаш, манекенките на ревиите на Ив Сен Лорен мака мачат со 15cm високи чевли и овие модели се продаваат навистина добро.

Но, модата отиде чекор понапред. Креаторите ги претворија чевлите во вистински уметнички дела од кои ќе ви застане здивот. Често на мета е токму штиклата – висока, тенка, со различни облици кои не се како досегашните.

Чевлите на дизајнерската куќа Нина Ричи достигнаа дури 28cm и сето ова без да ја користите штиклата. Како е ова возможно?

Едноставно, треба да балансирате на прстите, а моделите, токму заради ова, на пистата се чувствувале како да носат чевли од бетон.

Би можело да ве интересира:

Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Ленените панталони ќе доминираат ова лето – како да ги комбинирате? (фото) Доста популарни се ленените комплети, а сите модели на ленени панталони изгледаа...
Зимски комбинации со тексас фустан – парче што се носи во секоја сезона (фото) Се комбинираат со животински принтови и аксесоари од кожа, а изгледаат мошне доб...
10 модни додатоци за на плажа, кои ќе бидат во тренд за лето 2025 Плетени комплети, мрежести фустани, масивни бразлетни, детали со школки или во п...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg